среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Нова опасна фаза во Украина? Во Кремљ се разгледува и можност за тактички нуклеарен удар

by Уредник
26.08.2026
in Свет
Нова опасна фаза во Украина? Во Кремљ се разгледува и можност за тактички нуклеарен удар

Во Москва сè почесто се разгледуваат сценарија за дополнителна ескалација на војната во Украина, а според извори на Bloomberg, дел од руските функционери не ја исклучуваат ниту можноста претседателот Владимир Путин, како крајна опција, да прибегне кон употреба на тактичко нуклеарно оружје.

Според информациите што ги пренесува Bloomberg, преговорите за запирање на војната практично стигнале до ќор-сокак, бидејќи Путин не покажува подготвеност за отстапки.

Изворите наведуваат дека Кремљ сега се подготвува за нова фаза на ескалација на конфликтот.

Меѓу опциите што, според извештајот, се разгледуваат е засилување на нападите врз Киев, како и врз инфраструктурни објекти во други украински градови.

Најзагрижувачкиот дел од информациите се однесува на проценките на одредени руски функционери дека, доколку ситуацијата дополнително се влоши и Москва оцени дека нема други опции, Путин би можел да размислува и за употреба на тактичко нуклеарно оружје.

Сепак, засега нема официјална потврда од Кремљ дека е донесена каква било одлука за употреба на нуклеарно оружје.

Не е познато ниту дали таквото сценарио се разгледува како реална оперативна опција на највисоко ниво или станува збор за проценки и стравувања на дел од функционерите во руското раководство.

Тактичкото нуклеарно оружје е наменето за употреба на бојното поле или против ограничени воени цели и обично има помала разорна моќ од стратешките нуклеарни боеви глави.

Сепак, евентуалната негова употреба би претставувала драматична ескалација на војната и би можела да предизвика сериозни меѓународни последици.

Информациите доаѓаат во момент кога дипломатските напори за приближување на позициите меѓу Москва и Киев, според Bloomberg, не донеле напредок, а можноста за ново засилување на борбите повторно станува едно од главните прашања околу натамошниот тек на војната.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Најмалку 10 загинати, многумина повредени: Тешка несреќа на брзата железница во Шпанија

28.10.2026

Трамп, Путин и Си на иста маса? Се разгледува средба во Кина, Украина меѓу можните теми

28.10.2026

Во оваа земја пензиите се повисоки од германските: Што прават поинаку?

28.10.2026
Уште еден американски носач на авиони тргнува кон Блискиот Исток

Си-ен-ен: Американските сили подготвени за нови напади врз Иран, се чека одлуката на Трамп

26.10.2026

Реформи или референдум за излез: Вајдел го претстави планот на АфД за ЕУ

26.10.2026

Германија разгледува подолг работен ден, се најавува и помала квота за работници од Западен Балкан

26.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Шојгу: Русија има право на самоодбрана ако дронови доаѓаат преку НАТО земји

Шојгу: Русија има право на самоодбрана ако дронови доаѓаат преку НАТО земји

6 месеци ago
САД и Данска во преговори за проширување на американското воено присуство на Гренланд

САД и Данска во преговори за проширување на американското воено присуство на Гренланд

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали секој месец одвојувате дел од платата? Едноставно правило може да ви помогне да создадете финансиска резерва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,42 отсто и најголем промет со акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.