недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Иднината на рударството е во безбедноста, технологијата и одговорното користење на ресурсите

by Redakcija
28.08.2026
in Економија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) го одбележа Денот на рударите – 28 Август, со порака дека идниот развој на македонското рударство треба да се темели на поголема безбедност, модернизација, одговорно користење на природните ресурси, засилен институционален надзор и конкретни придобивки за локалните заедници.

На свеченоста во Скопје присуствуваа претставници на рударскиот сектор, компаниите, институциите, стопанството, науката и академската заедница, како и рудари со долгогодишно професионално искуство.

Во фокусот на одбележувањето беа рекордната наплата на концесиските надоместоци, новата Стратегија за минерални суровини и законските решенија за рударството и геолошките истражувања, кои треба да обезбедат поголема транспарентност, поефикасен надзор и повисоки стандарди за безбедност и заштита на животната средина.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека во центарот на рударската индустрија мора да остане човекот, неговата безбедност, достоинството и почитта кон неговиот труд.

„Во средиштето на овој ден отсекогаш бил и мора да остане човекот – неговото достоинство, неговата безбедност и почитта кон неговиот труд. Рударството е значаен дел од македонската економија, но неговиот иден развој мора да се темели на јасни правила, засилен институционален надзор, поголема безбедност, современи технологии и конкретни придобивки за средините во кои се врши експлоатацијата“, истакна Божиновска.

РЕКОРДНА НАПЛАТА НА КОНЦЕСИСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ

Во своето обраќање Божиновска ги презентираше резултатите постигнати во секторот, при што посебно внимание посвети на наплатата на концесиските надоместоци.

Во текот на 2025 година биле наплатени повеќе од 1,22 милијарди денари, што претставува историски највисоко ниво на наплата.

Позитивниот тренд продолжил и во 2026 година. Само во првите шест месеци од годинава се наплатени речиси 574 милиони денари, односно повеќе од двојно во споредба со истиот период во 2024 година.

Според Божиновска, ваквите резултати се последица на подобрувањето на системот за наплата, засилениот институционален надзор, почестите контроли и поодговорното исполнување на обврските од страна на концесионерите.

РУДАРСТВОТО СО 10,9 ОТСТО УЧЕСТВО ВО ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

Податоците презентирани на свеченоста покажуваат дека рударскиот сектор и натаму има значајна улога во македонската економија.

Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат.

Истовремено, рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство на земјата и со 2,8 проценти во вкупниот македонски извоз.

НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

По повеќе децении, Македонија доби Стратегија за минерални суровини, која треба да обезбеди јасна и долгорочна развојна насока за секторот.

Паралелно со Стратегијата се финализираат и нови законски решенија за рударството и геолошките истражувања.

Целта е да се воспостави попредвидлива регулатива, поголема транспарентност, посилен надзор, повисоки еколошки стандарди и поактивно учество на локалните заедници во процесите поврзани со експлоатацијата на минералните суровини.

78 ПРОЦЕНТИ ОД КОНЦЕСИСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ ОДАТ КАЈ ОПШТИНИТЕ

Посебно внимание беше посветено и на економските придобивки што рударството треба да ги создава за општините и граѓаните.

Согласно законската распределба, 78 проценти од платените концесиски надоместоци претставуваат приход на општината на чија територија се врши концесиската дејност.

Средствата треба да се претвораат во конкретни проекти – подобри локални патишта, водоводни системи, комунална инфраструктура, училишта, јавни услуги и проекти за заштита на животната средина.

„Рудникот не смее да биде изолиран остров на економска активност. Тој треба да биде двигател на целиот регион во кој работи“, порача Божиновска.

ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ И БЕЗ КОМПРОМИС ЗА НЕОДГОВОРНО РАБОТЕЊЕ

Од Министерството најавија продолжување на засилените контроли, редовно следење на исполнувањето на концесиските обврски и доследна примена на законите.

За компаниите кои инвестираат во безбедноста на работниците, современите технологии, заштитата на животната средина и локалниот развој, Министерството ќе биде партнер.

Од друга страна, беше испратена порака дека нема да има компромис за неодговорното работење и заобиколувањето на законските обврски.

„Ниту еден тон произведена руда, ниту еден процент од извозот и ниту една инвестиција не вредат повеќе од човечкиот живот. Безбедноста мора да биде култура на однесување во секој рудник, во секоја смена и на секое работно место“, нагласи Божиновска.

НА СЕКТОРОТ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НОВИ ИНЖЕНЕРИ, ГЕОЛОЗИ И ТЕХНИЧАРИ

Еден од предизвиците за иднината е обезбедувањето нов стручен кадар.

Божиновска истакна дека на македонското рударство му се потребни млади инженери, геолози, техничари, оператори и експерти од областа на животната средина.

За постигнување на оваа цел, според неа, неопходно е посилно поврзување на рударските компании со средните стручни училишта и универзитетите, повеќе практична настава, стипендии и менторски програми, како и создавање јасна професионална перспектива за младите кои ќе изберат кариера во секторот.

ПЕТРЕСКИ: ПОТРЕБНО Е ПАРТНЕРСТВО ЗА СТАБИЛЕН РАЗВОЈ НА СЕКТОРОТ

На свеченоста се обрати и претседателот на Македонската асоцијација на рударство, Диме Петрески.

Тој го потенцираше значењето на рударството за економскиот и индустрискиот развој на Македонија и потребата од партнерство меѓу институциите, компаниите, научната заедница и самите рудари.

Според Петрески, токму таквата соработка е неопходна за создавање стабилен и предвидлив амбиент за понатамошен развој на секторот.

ДИМОВ: ИДНИНАТА Е ВО ЗНАЕЊЕТО И НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ

Деканот на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. Ѓорѓи Димов, посочи дека иднината на рударството е тесно поврзана со знаењето, примената на новите технологии и создавањето нови генерации инженери и геолози.

Според него, современото рударство треба да биде побезбедно, поефикасно, дигитализирано и одговорно кон животната средина.

ДЕДИНЕЦ: ПРАШАЊЕТО Е КАКВО РУДАРСТВО САКАМЕ ДА РАЗВИВАМЕ

Научниот соработник во Македонската академија на науките и уметностите, Александар Дединец, се осврна на стратешкото значење на минералните суровини во процесот на енергетската и зелената транзиција.

„Прашањето денес не е дали треба да има рударство, туку какво рударство сакаме да развиваме – одржливо, научно засновано, безбедно и прифатено од локалните заедници“, посочи Дединец.

ЖЕНИТЕ ДОБИВААТ НОВИ МОЖНОСТИ ВО СОВРЕМЕНОТО РУДАРСТВО

Посебен дел од свеченоста беше посветен на луѓето кои непосредно ја живеат рударската професија.

Катерина Новакова од САСА ја претстави перспективата на жените во современото рударство.

Таа посочи дека развојот на технологијата, дигитализацијата, механизацијата и автоматизацијата отвораат нови професионални можности и нагласи дека жените треба да имаат пристап до практикантски и менторски програми, обуки и можности за професионален развој и напредување.

ЉУБЕ КОЛЕВ: ДОБАР ДЕН Е КОГА СИТЕ ОД СМЕНАТА ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ ДОМА БЕЗБЕДНИ

За секојдневието на рударите на терен говореше Љубе Колев од Бучим, кој по долги години поминати во рударството годинава заминува во заслужена пензија.

Колев истакна дека низ годините машините значително се подобриле, организацијата на работата напредувала, а на безбедноста ѝ се посветува сè поголемо внимание.

„За мене, добар работен ден е кога ќе си ја завршиш задачата како што треба, машината ќе ја оставиш исправна и сите од смената ќе се вратиме дома здрави и безбедни“, порача Колев.

ДЕСЕТ ПРИЗНАНИЈА ЗА ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ВО РУДАРСТВОТО

Во рамките на свеченоста, министерката Божиновска додели десет признанија на рудари за особен придонес, професионална посветеност и значајни заслуги во рударството.

Признанија добија:

Драганчо Јованчов – Рудник САСА
Иво Ѓоргиевски – Тораница
Иван Цеков – Злетово
Љубе Колев – Бучим
Игор Наумоски – Мермерен комбинат АД Прилеп
Драганчо Ивановски – АД ЕСМ – РЕК Битола
Сеад Башевич – ФИМАР БАЛКАН
Фуат Таири – ЈЕФУТА ИНЖЕНЕРИНГ
Борче Блажески – КРИН КГ
Боби Трајковски – МИСА-МГ

Одбележувањето на Денот на рударите заврши со заедничка порака дека иднината на македонското рударство треба да се гради врз знаење, модерни технологии, високи стандарди за безбедност, одговорност кон животната средина и партнерство со локалните заедници, но пред сè со почит кон луѓето кои секојдневно ја создаваат оваа индустрија.

„Нашата визија се темели на три неразделни одговорности: одговорност кон работникот, одговорност кон локалната заедница и одговорност кон идните генерации. Денес, сите бројки, резултати и планови за иднината за момент ги оставаме настрана. Затоа што овој ден има свои вистински главни лица. Почитувани рудари, овој ден е Ваш“, порача Божиновска.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Берзанскиот промет во октомври намален за 45,56 отсто, послабо и класичното тргување

08.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

08.11.2026
„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

08.11.2026
Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

08.11.2026

РУДАРСТВО.мк: Брисел прогласи осум нови проекти за ископување на руда за стратешки

07.11.2026

Речиси секој трет доселеник размислувал да ја напушти Германија: Што покажуваат бројките за македонските граѓани?

07.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција

9 месеци ago

Трамп постави рок за крај на војната меѓу Украина и Русија

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Со богослужби и свечена академија одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“ во Скопје

    Со богослужби и свечена академија одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отворен конкурс за 3.000 студентски стипендии: Кој може да добие до 18.000 денари месечно и како се аплицира?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Искршени мермерни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров, полицијата го истражува случајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција на интервентната полиција во Скопје: Уапсен 46-годишен маж, кај него пронајден хероин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО| Нов напад врз Саудиска Арабија: Оштетена зградата на нафтениот гигант „Арамко“ во срцето на Ријад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.