понеделник, октомври 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Азески со амбасадори и бизнисмени во Дебар, испрати честитка по повод Денот на рударите

by Redakcija
28.08.2026
in Економија

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, заедно со дел од дипломатскиот кор и бизнисмени од регионот, престојуваше во Дебар, каде што беа реализирани повеќе активности посветени на унапредувањето на економската и регионалната соработка.

Посетата започна во манастирот „Свети Јован Бигорски“, каде дипломатите и гостите имаа можност да ја разгледаат црквата и манастирските одаи. Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, Азески му подари уметничка слика на манастирот.

Дружењето продолжи во хотелот „Цами“ на Дебарското Езеро, каде во неформална атмосфера дипломатскиот кор, бизнисмени и истакнати личности од регионот разговараа за теми поврзани со бизнисот, економијата и можностите за продлабочување на регионалната соработка.

На средбата било истакнато дека дел од актуелните амбасадори наскоро ќе ги напуштат своите дипломатски позиции во Македонија и ќе преземат нови владини функции во своите земји, што, како што било оценето, отвора можности за продолжување и продлабочување на соработката со Македонија и земјите од Западен Балкан.

По повод 28 Август – Денот на рударите, Азески упати честитка до сите вработени во рударскиот сектор, компаниите, институциите, како и до претставниците на научната и академската заедница.

Во рамки на Стопанската комора функционира Македонската асоцијација за рударство (МАР), која ги обединува најголемите и најзначајните компании од секторот. Од Комората посочуваат дека иднината на рударството треба да се гради преку безбедно, модерно и одговорно користење на природните ресурси, со конкретни придобивки за локалните заедници и целокупната економија.

„Рударството е значаен дел од македонската економија, но неговиот иден развој мора да се темели на јасни правила, засилен институционален надзор, поголема безбедност, современи технологии и конкретни придобивки за средините во кои се врши експлоатацијата“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Според податоците за 2025 година, во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат. Рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот македонски извоз.

Во земјата е донесена и Стратегијата за минерални суровини, со која, по повеќе децении, оваа област треба да добие јасна и долгорочна развојна насока.

Во име на Стопанската комора, како и во свое лично име, Азески упати честитка до православните верници по повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 28,69 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

18.10.2026

Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања

16.10.2026

Мицкоски: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, се бориме цената да остане иста и од јануари

16.10.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,55 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

16.10.2026

Европа ја забрзува трката по критични минерали: нов повик за стратешки проекти до крајот на годината

16.10.2026
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Николоски: Планираме реконструкција и електрификација на пругата Велес – Битола и набавка на околу 9 патнички возови и 5 електрични локомотиви

16.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Коњановски: Во завршна фаза е изградбата на новата боксерска сала во Битола

5 месеци ago

ГОРИ ЈУГОТ НА ЕВРОПА: Брисел испрати 11 воздухоплови за пожарите во Франција и Шпанија, евакуирани над 270.000 луѓе

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Механичар подигнал кинески автомобил на дигалка и останал без зборови: „Европејци, внимавајте!“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕВРОПА ГОРИ: Се подготвува ли револуција? Младите масовно излегуваат на улиците на големите градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ја имате ли оваа монета од две евра? Редок примерок може да вреди илјадници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Овен, Вага и Водолија: Новата недела отвора важни разговори за пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, разликата со СДСМ е над 4 спрема 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.