четврток, ноември 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ И НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Муцунски ги претстави економските потенцијали пред израелскиот „Jerusalem Post“

by Redakcija
29.08.2026
in Македонија, Топ Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за израелскиот весник „The Jerusalem Post“, дадено во рамките на неговата прва посета на Израел во својство на министер, го истакна потенцијалот Република Македонија да се позиционира како важна влезна точка кон Европа за израелските туристи, компании и инвеститори.

Во тој контекст, посебен акцент беше ставен на иницијативата за воспоставување директна авиолинија Тел Авив – Скопје или Тел Авив – Охрид, со цел дополнително да се поттикнат туристичката размена, деловните контакти и економското поврзување меѓу двете земји.

„Една од првите теми за кои разговаравме беше можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Тел Авив и Скопје или Тел Авив и Охрид, кој е нашиот главен туристички центар и град за кој верувам дека секој Израелец би сакал да го посети“, истакна Муцунски.

Министерот нагласи дека амбицијата оди подалеку од туризмот. Стратешката местоположба на државата на пресекот на двата значајни европски транспортни коридори – Коридорите VIII и X – како и инвестициите во енергетската поврзаност, создаваат можности таа да биде влезна точка за израелските компании кои сакаат да го прошират своето присуство на европските пазари.

„Сакаме да бидеме порта кон Европа не само за израелските туристи, туку и за израелските компании. Можеме да бидеме и влезна точка за израелските инвеститори кон европски пазар чиј потенцијал сè уште не е целосно искористен од израелската бизнис-заедница, но и пазар за извоз“, порача тој, посочувајќи дека токму во овие области постои значителен заемен интерес.

Во интервјуто беше истакнат и поширокиот потенцијал за унапредување на соработката во земјоделството, управувањето со води, безбедноста, иновациите, туризмот, здравството и образованието, како и во инвестициите и одбранбената индустрија.

Муцунски нагласи дека одличните билатерални односи со Израел треба да се подигнат на следно ниво и да се преточат во поконкретна соработка во повеќе области од заемен интерес. Притоа, посочи дека засилената динамика на политички контакти е резултат на јасна определба на Владата за натамошно продлабочување на партнерството.

„Од формирањето на Владата, билатералните односи со Израел ги поставивме како еден од приоритетите на нашата надворешна политика“, истакна тој.

Во интервјуто беше посочена и зголемената динамика на контакти меѓу двете земји во изминатиот период, вклучително и парламентарната делегација предводена од пратеничката Рашела Мизрахи, која во јануари остварила средби со претседателот на Кнесетот, Амир Охана, и со други израелски претставници.

Посетата и разговорите во Израел, според Муцунски, претставуваат можност постојната позитивна динамика во билатералните односи дополнително да се надгради преку посилни економски врски, поголема туристичка размена и нови можности за инвестиции и деловна соработка.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Пекабеско оствари 213 милиони денари нето-добивка за девет месеци

19.11.2026

Пред повеќе од 2.000 години во Битола се мерело времето со сончев часовник: Камен открива неверојатна историја

19.11.2026

Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа

18.11.2026

Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

18.11.2026

Крај за рампите на патарините во Македонија?

18.11.2026

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

18.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Напад во продавница во Прилеп: Со закана одзел пари од касата

4 месеци ago

Радев ја потресе Бугарија: „Прогресивна Бугарија“ убедливо прва на денешните избори, но без сигурно самостојно мнозинство

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Тутунари, внимавајте како го пакувате тутунот: Една грешка може да ви ја намали откупната цена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пекабеско оствари 213 милиони денари нето-добивка за девет месеци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историски пресврт до 2035 година: Исламот би можел да стане најголема религија во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украина повторно го нападна Кримскиот мост: Русија го запре сообраќајот по нови експлозии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари треба да чувате дома за итни случаи? Експертите откриваат колкава резерва е доволна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.