среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Огнен пекол во Созопол: Ресторант изгоре до темел, евакуирани 25 туристи од зафатениот хотел

by Уредник
30.08.2026
in Балкан, Црна Хроника
Огнен пекол во Созопол: Ресторант изгоре до темел, евакуирани 25 туристи од зафатениот хотел

Силен пожар во бугарското летувалиште Созопол целосно уништи крајбрежен ресторан, зафати дел од хотел и предизвика итна евакуација на туристите сместени во околните објекти.

Пожарот избувнал вчера, 29 август, околу 5:04 часот во ресторанот „Аполон“, лоциран на улицата „Црно Море“ број 1. Според првичните информации од полицијата во Бургас, огнот бил предизвикан од неисправен ладилник.

Поради силниот ветер, пламените јазици и искрите брзо се прошириле кон хотелот над ресторанот, соседните одморалишта и блиските станбени објекти. Во пожарот целосно изгорела и дрвената фасада на објектот на бугарскиот Црвен крст. “Бугарска телеграфска агенција” (https://www.bta.bg/bg/news/1194345-neizpraven-hladilnik-e-prichinil-pozhara-v-kraybrezhno-zavedenie-v-sozopol)

Туристите ги разбудиле со тропање на вратите

Очевидци раскажуваат дека најпрво слушнале силна врева, кршење чинии и неколку детонации, по што над објектот се издигнале високи пламени јазици и густ чад.

„Погледнав низ ролетната и видов дека гори. Искрите летаа кон соседниот хотел. Беше страшно“, раскажала туристката Михаела, која веднаш ја разбудила својата мајка и го напуштила објектот.

Брзата реакција на хотелскиот персонал спречила трагедија. Вработените тропале на вратите и ги буделе гостите, додека пожарникарите ги пребарувале собите за да проверат дали некој останал внатре.

Според противпожарната служба, биле евакуирани меѓу 20 и 25 лица. Сите биле навреме изнесени на безбедно и нема повредени, иако силното задимување претставувало сериозна опасност за нивните животи. “Нова ТВ” (https://nova.bg/news/view/2026/08/29/549408/%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80-%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D1%83%D1%85%D0%BD%D0%B0-%D0%B2-%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%82-%D0%B2-%D1%81%D0%BE%D0%B7%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB-%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%83%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%85%D0%B0-%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%BA%D0%B0/)

Меѓу евакуираните и учесници на „Аполонија“

Во хотелот престојувале и учесници на познатиот фестивал на уметностите „Аполонија“. Бугарскиот актер Рашко Младенов раскажал дека го разбудило силно тропање на вратата, а кога ги отворил очите видел пламен пред терасата.

„Настана паника и сите истрчавме надвор. Фала му на Бога, нема жртви“, изјавил актерот, додавајќи дека по евакуацијата огнот ги зафатил парапетите пред терасите.

Младенов во хотелската соба ги оставил личните работи и забната протеза, а истата вечер требало да настапи на претстава во рамките на фестивалот.

Пожарникарите си подавале вода меѓу возилата

Со огнената стихија се бореле три противпожарни екипи – една од Созопол и две од Бургас. Интервенцијата била отежната поради голем бетонски тунел низ кој противпожарните возила не можеле да поминат.

Пожарникарите биле принудени меѓусебно да си подаваат вода, додека во гаснењето и обезбедувањето на подрачјето се вклучиле и доброволци од општина Созопол.

Пристапот до локацијата бил целосно затворен за минувачи, бидејќи во раните утрински часови во областа сè уште имало посетители што се враќале од ноќните локали, како и туристи што оделе кон плажата.

Надлежните служби продолжуваат со увидот и процената на материјалната штета. Квалитетот на воздухот се следи поради големото количество чад, а засега нема информации за надминување на дозволените вредности.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Сакскобурготски со порака до Софија: Историјата да им се остави на историчарите, Македонија да влезе во ЕУ

18.11.2026
Завршува тригодишниот процес во Хаг: На 16 септември пресуда за Хашим Тачи и поранешниот врв на ОВК

Хашим Тачи доби нова затворска казна во Хаг

18.11.2026

Колку се казните за зимска опрема на Балканот? Во Македонија 45 евра, во Црна Гора 150 евра

17.11.2026
Почина Нито Сантапаола, познатиот бос на Коза Ностра

30 дена притвор за охриѓанецот кој ја претепа девојката

17.11.2026

500 евра за дозвола да се гради? Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување приведен

17.11.2026

Јогурт врз Лидија Вукиќевиќ: Инцидент пред конститутивната седница на српското Собрание

17.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,41 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

2 месеци ago

Дали „Сеат“ ќе исчезне од пазарот?

1 месец ago

Популарни Вести

  • Сакскобурготски со порака до Софија: Историјата да им се остави на историчарите, Македонија да влезе во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Повеќе извори на снабдување и посилна регионална соработка за енергетска безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола оддаде почит на борците од Првата егејска македонска ударна бригада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.