среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

(ВИДЕО) ДРАМА ВО УНГАРИЈА: Украл авион и полетал кон нуклеарната централа „Пакш“, итно кренати два ловци „Грипен“

by Уредник
30.08.2026
in Свет
(ВИДЕО) ДРАМА ВО УНГАРИЈА: Украл авион и полетал кон нуклеарната централа „Пакш“, итно кренати два ловци „Грипен“

Вистинска драма се одвивала во Унгарија откако 24-годишен маж украл мал авион „Цесна 172“ од аеродромот во Калоча и без дозвола полетал во правец на нуклеарната централа „Пакш“.

Сомнителниот лет речиси веднаш бил забележан од радарите на унгарските вооружени сили, по што во воздух биле кренати два борбени авиони ЈАС 39 „Грипен“ со задача да го пресретнат леталото.

Причина за итната реакција е фактот што „Пакш“ е единствената нуклеарна централа во Унгарија и претставува објект под посебен режим на заштита. Околу централата постои зона со радиус од три километри во која летовите на цивилни авиони се забранети на височина под 6.000 метри.

Според унгарските медиуми, авионот се движел кон подрачјето на Пакш, а дел од извештаите наведуваат дека леталото навлегло во близина на заштитениот воздушен простор и изведувало маневри.

Инцидентот, сепак, завршил без жртви. Само неколку минути подоцна, пилотот бил принуден да изврши итно слетување во поле со сончоглед во близина на селото Герјен. При слетувањето била оштетена опремата за слетување, а авионот завршил навален на едното крило.

„Грипените“ го лоцирале оштетениот авион и останале над местото сè додека не пристигнале спасувачки хеликоптер, полицијата и другите итни служби.

Унгарската полиција соопшти дека зад управувачот бил 24-годишен маж, кој, според првичните информации, бил во алкохолизирана и растроена состојба. По принудното слетување тој го напуштил авионот, а набргу потоа бил приведен.

Во инцидентот нема повредени, а нуклеарната централа не претрпела никаква штета.

Полицијата и надлежните безбедносни служби сега истражуваат како мажот успеал да го украде авионот, која била неговата намера и дали, покрај алкохол, бил под дејство и на други супстанции.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Египет стави 35 организации на терористичка листа, меѓу нив и здружение наведено како организација од Македонија

11.11.2026

Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска војна. Шведска се подготвува за неа

10.11.2026

САД: Подготвени сме за нов удар врз Иран

10.11.2026

Ескалира мафијашката војна во Рим, ривалските кланови се борат за територија

10.11.2026

Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

09.11.2026

ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Дипломатска нота од Техеран: Бугарија да не дозволи користење на аеродромите за напад на Иран

Дипломатска нота од Техеран: Бугарија да не дозволи користење на аеродромите за напад на Иран

7 месеци ago
Без струја делови од Шуто Оризари, Карпош и Центар

Без струја делови од Шуто Оризари, Карпош и Центар

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Нови казни преку „Безбеден град“ до крајот на годината: Еве кои возачи ќе бидат на удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ви стигна порака за казна од „Безбеден град“? МВР предупредува, еве како да препознаете измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почистиот воздух во спалната соба може да помогне за постабилен шеќер во крвта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Египет стави 35 организации на терористичка листа, меѓу нив и здружение наведено како организација од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.