понеделник, ноември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Божиновска на првиот училишен ден во Велес: Енергетската иднина не се гради само со инвестиции и технологија, туку и со знаење и квалификувани кадри

by Redakcija
02.09.2026
in Македонија

По повод почетокот на новата учебна година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски, наставниците и учениците и се запозна со наставниот процес, практичната обука и условите за образование.

На првиот училишен ден, министерката им се обрати на учениците, посочувајќи дека стручното образование е една од клучните основи за идниот развој на државата и дека професионалните вештини ќе имаат сè поголемо значење во услови на забрзан технолошки и економски развој.

„Нема мала или голема професија. Има професионалност, знаење и посветеност. На една модерна економија ѝ се потребни и инженери и техничари, и програмери и автомеханичари, и електричари и механичари, и мајстори и претприемачи. Затоа, драги ученици, ценете го знаењето што го стекнувате овде. Не учите само за оценка и не учите само за диплома – учите професија“, порача Божиновска.

ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ има повеќе од 60 години традиција во стручното образование и денес е најголемото државно средно училиште во општина Велес, со околу 980 ученици. Во училиштето се реализира образование во машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителско-туристичката струка, со повеќе образовни профили, меѓу кои машински техничари, автомеханичари, електротехничари, техничари за компјутерска техника и автоматика, техничари за индустриска мехатроника, техничари за транспорт и шпедиција, готвачи и келнери.

Особено значење за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини има образовниот профил електротехничар-енергетичар, кој директно се поврзува со потребите на енергетскиот сектор.

„Енергетскиот сектор денес е во период на големи промени. Македонија гради нов енергетски систем, вложува во обновливи извори, во соларни и ветерни електрани, во модернизација на мрежата, во складирање енергија и во нови технологии. Но, ниту една електрана, ниту една мрежа и ниту една нова технологија не може да функционира без квалитетни луѓе“, истакна министерката.

Таа нагласи дека во иднина ќе има сè поголема потреба од кадри кои ќе знаат да работат со паметни мрежи, батериски системи, автоматизирани постројки, дигитални системи и нови енергетски технологии.

„Кога денес зборуваме за енергетската иднина на Македонија, не зборуваме само за мегавати, електрани, далноводи и инвестиции. Зборуваме и за вас. Енергетската транзиција не е само технолошка промена. Таа е и промена во знаењето, во вештините и во начинот на кој работиме“, порача Божиновска пред учениците.

Во рамки на посетата, министерката разговараше со директорот Горан Богоевски и за можностите за продлабочување на соработката меѓу Министерството и училиштето, особено во делот на практичната настава и поврзувањето на образованието со реалните потреби на енергетскиот сектор.

Беше разгледана и иницијативата за воспоставување поинтензивна институционална соработка, со цел унапредување на образовните процеси, размена на знаења и искуства и создавање дополнителни можности за учениците да стекнат практични знаења и искуства релевантни за енергетиката и индустријата.

„Енергетската транзиција нема да ја направат само инвестициите и технологијата. Ќе ја направат и луѓето со знаење и вештини. Затоа како Министерство сакаме уште посилно да ја поврзуваме енергетиката со образованието, со компаниите и со младите“, истакна Божиновска.

На почетокот на новата учебна година, министерката им порача на учениците да бидат љубопитни, да не се плашат од технологијата и промените и постојано да инвестираат во сопственото знаење.

„Не размислувајте само каде ќе најдете работа. Размислувајте каде можете да создадете вредност. Не плашете се од технологијата – научете ја. Не плашете се од промените – бидете тие што ќе ги носат.“

Министерката Божиновска на учениците, наставниците и родителите им посака успешна нова учебна година, со многу знаење, успех и храброст за остварување на своите цели.

„Македонија има потреба од вашата енергија, вашите идеи и вашите вештини.“

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски од Брисел: Македонија заслужува европска иднина со почитување и заштита на националните интереси

16.11.2026

Од денеска задолжителна зимска опрема: Еве какви гуми и синџири мора да имаат возачите за да избегнат казна од 45 евра

15.11.2026

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула – од сега очекувам само раст и поинтензивен развој

16.11.2026

Од денеска полицијата казнува со 45 евра – Возачите мора да ја имаат оваа опрема во автомобилите

15.11.2026
Три децении „Егејска вечер“ во Штип: Средба што ги поврзува Македонците од двете страни на границите

Три децении „Егејска вечер“ во Штип: Средба што ги поврзува Македонците од двете страни на границите

14.11.2026
Кој ќе ги плати уништените ниви во Крива Паланка? Додека кравите станаа светска вест, граѓаните подготвуваат тужба – ВИДЕО

Кој ќе ги плати уништените ниви во Крива Паланка? Додека кравите станаа светска вест, граѓаните подготвуваат тужба – ВИДЕО

14.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

„Патот до Атлантида“ на длабочина од 3.000 метри: Колку малку го познаваме морското дно

„Патот до Атлантида“ на длабочина од 3.000 метри: Колку малку го познаваме морското дно

7 месеци ago

Малолетничка хоспитализирана со породилни болки: Приведена нејзината мајка

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски од Брисел: Македонија заслужува европска иднина со почитување и заштита на националните интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку вреди златното богатство на Македонија и колку тони чува Народната банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италија нуди бесплатно живеење во обновени куќи: Нема кирија во следните 10 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија, Чешка, Словачка и Унгарија не сакаат да плаќаат за Украина: Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекинат сообраќајот преку Керченскиот Теснец, во пламен се нафтени и гасни објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.