Индискиот верски лидер Sant Rampal Ji Maharaj привлече внимание со необична практика во која се користи специјално дизајнирано возило со стаклена кабина и климатизација.
WATCH: Indian religious leader Sant Rampal Ji Maharaj has introduced a glass-enclosed, air-conditioned vehicle where followers line up to bow and touch or kiss his feet. pic.twitter.com/AoL2Co6iYy
— Clash Report (@clashreport) August 31, 2026
Според објавените информации, возилото овозможува следбениците да му се приближат на верскиот лидер додека тој се наоѓа внатре, по што тие се редат за да му се поклонат и да ги допрат или бакнат неговите стапала.
Снимките од ваквите собири предизвикаа реакции на социјалните мрежи, особено поради начинот на кој следбениците му искажуваат почит на верскиот лидер.
Рампал Џи Махараџ е основач и духовен водач на организацијата „Satlok Ashram“. Неговите следбеници го сметаат за духовен учител, а неговите јавни појавувања често привлекуваат голем број верници.
Необичното возило и ритуалот на поклонување повторно го привлече вниманието кон начинот на кој следбениците им искажуваат почит на духовните водачи во одредени религиозни заедници.
…












