вторник, октомври 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Кривична пријава против две лица и фирма од Струмица за даночно затајување, лихварство и перење пари

by Redakcija
04.09.2026
in Црна Хроника

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против едно правно и две физички лица од општина Струмица, поради сомнение за даночно затајување, лихварство и перење пари и други приноси од казниво дело.

Според пријавата, првопријавеното правно лице се сомничи за „даночно затајување“, додека второпријавената, како одговорно лице и управител во компанијата, се сомничи за истото кривично дело. Третопријавениот, кој директно или индиректно имал управувачка и контролна улога во правното лице и бил потписник на неговите банкарски сметки, се сомничи и за „лихварство“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Полициската истрага покажала дека пријавените, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во 2025 година прикажале помала даночна основа за оданочување со данок на добивка за 13.981.844 денари. На овој износ, според МВР, не бил пресметан и уплатен данок на добивка во висина од 1.398.184 денари.

Дополнително, биле утврдени и обврски за данок на личен доход во износ од 563.989 денари. Со овие дејствија, како што соопшти полицијата, бил предизвикан финансиски штетен ефект врз државниот буџет од вкупно 1.962.173 денари.

Третопријавениот, според пријавата, се занимавал и со давање позајмици на правни и физички лица, при што за позајмица од околу 200.000 евра договарал месечна имотна корист од 2.500 евра. Полицијата сомничи дека при тоа ја искористувал тешката финансиска состојба на лицата, а за наплата на долговите преку извршител вршел блокирање и присилна наплата од нивните сметки.

Случајот опфаќа и сомневања поврзани со значителни суми пари. На 31 мај 2018 година, третопријавениот во филијала на деловна банка во Струмица во готово уплатил 500.000 евра, за кои, според полицијата, не можел да го докаже потеклото.

Се сомничи дека овие средства, прибавени со казниво дело, потоа биле внесени во легалните парични текови преку орочени депозити, давање позајмици, плаќање комуналии поврзани со изградба на објекти и склучување купопродажни договори.

При претрес во неговиот дом во април 2026 година биле пронајдени и одземени 597.500 евра. Според МВР, постојат основи за сомнение дека и овие средства биле прибавени со казниво дело.

За потеклото на парите, пријавениот пред органите на прогонот ги приложил документите за уплатата на 500.000 евра во 2018 година, како и наводи за дополнителна семејна заштеда.

Сепак, дополнителните проверки и анализи покажале дека приходите што ги остварувал тој и членовите на неговото потесно семејство не биле доволни за да се заштедат толку големи суми – ниту пред уплатата на 500.000 евра во 2018 година, ниту до април 2026 година, кога биле пронајдени 597.500 евра.

Од СВР Струмица посочуваат дека со пријавените дејствија третопријавениот се сомничи дека се обидел да го прикрие потеклото на одземените пари.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Шестгодишно дете тешко повредено во судир на автомобил и тротинет во Скопје

20.10.2026

Напад врз ученик пред средно училиште во Скопје: Според пријавата, едно лице извадило пиштол

20.10.2026

Кривична пријава против поранешниот директор – Ова се деталите

20.10.2026

НОВИ ДЕТАЛИ за обидот за двојно убиство во Скопје

19.10.2026

Видео на социјалните мрежи го откри: Малолетник возел мотоцикл на едно тркало во Штип

19.10.2026

Голема акција на полицијата – Што откри МВР во контролите на 66 објекти?

19.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

lukoil

„Лукоил Македонија“ доби шестмесечна забрана за јавни набавки

9 месеци ago

Сообраќајна несреќа на клучката Мирковци: 42-годишен возач тешко повреден

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,40 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Има само 18 години, а од продажба на ЛЕГО-коцки заработил повеќе од 350.000 евра за една година: Еве како го направил тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате стари музички касети на таванот? Некои примероци достигнуваат илјадници евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Саудиски принц наредил да му донесат леден блок тежок два тона од Алјаска: Експериментот завршил зачудувачки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шестгодишно дете тешко повредено во судир на автомобил и тротинет во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.