среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Ако патувате во ЕУ, внимавајте: Од денеска подолги гранични проверки

by Redakcija
06.09.2026
in Македонија

Од денеска, 6 септември, престануваат да важат привремените олеснувања при спроведувањето на Европскиот систем за влез и излез (EES), што може да предизвика нови гужви и подолги чекања на границите и аеродромите во Европската Унија.

Досега, во случаи на зголемен метеж, земјите-членки имаа можност привремено да го прекинат земањето отпечатоци од прсти и скенирањето на лицето за да се забрза протокот на патници. Со укинувањето на оваа можност, биометриските проверки повторно ќе мора целосно да се спроведуваат.

Иако од Европската комисија оценуваат дека EES во текот на летото генерално функционирал добро и носи значајни придобивки за безбедноста, авиоиндустријата и туристичките организации предупредуваат дека проверките значително го продолжуваат времето за обработка на патниците.

Според податоците од авиоиндустријата, проверката која претходно траела околу 20 секунди, со воведувањето на EES може да трае и до 90 секунди по патник. На големите аеродроми, меѓу кои Франкфурт, Минхен и Амстердам, времето на чекање веќе е подолго од минатата година, додека во најфреквентните периоди на одредени европски сообраќајни центри патниците чекаат и до два часа.

Туристичките здруженија бараат од Брисел да овозможи продолжување на привремените олеснувања најмалку до крајот на зимската сезона. Според нив, дел од аеродромите сè уште немаат доволно автоматизирани киосци и персонал за целосно непречено спроведување на новиот систем.

Најголеми последици се очекуваат за патниците кои во ЕУ пристигнуваат од земји кои не се членки на Унијата, особено во периодите со зголемен број патувања.

Со цел да се избегнат непотребни доцнења, патниците се советуваат да пристигнуваат порано на аеродромите и граничните премини и да бидат подготвени за подолга процедура при влез во ЕУ.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Нови казни преку „Безбеден град“ до крајот на годината: Еве кои возачи ќе бидат на удар

11.11.2026

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон државата

11.11.2026

Ви стигна порака за казна од „Безбеден град“? МВР предупредува, еве како да препознаете измама

11.11.2026

Почистиот воздух во спалната соба може да помогне за постабилен шеќер во крвта

11.11.2026

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

11.11.2026

ВЛЕН: Остануваме посветени на исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните

10.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Хоџа: Со инвестиција од 11 милиони евра, доделуваме опрема за селекција на отпад на 18 општини во Пелагонија и Југозападниот регион

10 месеци ago
Предметот за злоупотреби во РЕК Битола се префрла во Струга по изземањето на сите битолски судии

Предметот за злоупотреби во РЕК Битола се префрла во Струга по изземањето на сите битолски судии

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Нови казни преку „Безбеден град“ до крајот на годината: Еве кои возачи ќе бидат на удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ви стигна порака за казна од „Безбеден град“? МВР предупредува, еве како да препознаете измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почистиот воздух во спалната соба може да помогне за постабилен шеќер во крвта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Египет стави 35 организации на терористичка листа, меѓу нив и здружение наведено како организација од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.