среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Поранешниот шеф на МИ6 со предупредување: „Мир во Украина нема да има додека Путин владее“

by Redakcija
07.09.2026
in Свет

Траен мировен договор меѓу Русија и Украина тешко може да биде постигнат додека Владимир Путин е на власт во Москва, смета поранешниот шеф на британската надворешна разузнавачка служба МИ6, Џон Сојерс.

Во разговор за „Фајненшел тајмс“, Сојерс оцени дека шансите до крајот на 2027 година да биде постигнат сеопфатен мировен договор се мали. Според него, во сегашните услови најреално е евентуално намалување на интензитетот на конфликтот до ниво слично на периодот по 2014 година.

Сојерс позитивно гледа на продолжувањето на контактите меѓу Вашингтон и Кремљ, но изрази скептицизам дека американските претставници во моментов можат да постигнат значаен договор. Како главна пречка ги посочи непроменетите барања на Путин, кои според него се неприфатливи за Киев и Западот.

Сепак, поранешниот шеф на МИ6 смета дека во 2027 година би можел да се отвори простор за сериозни преговори за прекин на огнот. За тоа, според него, потребно е Русија и Украина да почувствуваат сè поголеми економски и воени последици од продолжувањето на конфликтот, а руските сили да ја изгубат способноста за натамошно напредување на фронтот.

Сојерс забележал и дека во Русија се појавуваат сè повеќе гласови кои го преиспитуваат продолжувањето на војната и повикуваат на изнаоѓање излез од конфликтот.

Неговите оценки доаѓаат во период на засилена американска дипломатска активност. Американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер на 5 септември пристигнаа во Москва со предлог за прекин на војната, а по разговорите во Русија се очекува нивна посета и на Киев.

Сепак, очекувањата за успех на разговорите остануваат ниски. „Блумберг“ претходно објави дека во Кремљ не гледаат доволно причини да веруваат дека Вашингтон овојпат има предлози што Москва би била подготвена да ги прифати.

Во меѓувреме, поранешниот директор на ЦИА оцени дека Украина претставува „воена лабораторија на 21 век“, нагласувајќи ја сложеноста и значењето на актуелниот конфликт за современото војување.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Египет стави 35 организации на терористичка листа, меѓу нив и здружение наведено како организација од Македонија

11.11.2026

Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска војна. Шведска се подготвува за неа

10.11.2026

САД: Подготвени сме за нов удар врз Иран

10.11.2026

Ескалира мафијашката војна во Рим, ривалските кланови се борат за територија

10.11.2026

Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

09.11.2026

ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Судир меѓу американски единици и ирачката армија

8 месеци ago

Повеќе делови од Тетово утре ќе бидат без струја

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ви стигна порака за казна од „Безбеден град“? МВР предупредува, еве како да препознаете измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почистиот воздух во спалната соба може да помогне за постабилен шеќер во крвта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Египет стави 35 организации на терористичка листа, меѓу нив и здружение наведено како организација од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Македонија дел од светските разговори за климатските промени и енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.