вторник, септември 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска за грчки енергетски портал: Македонија станува транзитен центар за гас во регионот

by Redakcija
08.09.2026
in Економија, Топ Вести

Вертикалниот коридор првично започна со Грција, Бугарија и Романија, а сега се оформува и оската Грција – Северна Македонија – Србија, што создава повеќе можности за пристап, меѓу другото, и до американскиот ЛНГ. Ова е важно за граѓаните и нашата економија, но истовремено ја надградува нашата земја во транзитен центар за снабдување на Југоисточна Европа. Колку повеќе опции за снабдување има еден регион, толку поотпорен станува неговиот енергетски систем, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за грчкиот енергетски портал „Енерџи гејм“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто на маргините на самитот во Солун каде што беше потпишан меморандумот за приклучувањето на Македонија во Вертикалниот коридор, министерката говори за интерконекторите со Грција и Србија, за течниот природен гас (ЛНГ) од терминалот во грчкиот град Александруполи, за кој вели дека е новата рута што ќе ни овозможи пристап до американски ЛНГ и гас од Азербејџан и ќе можеме да склучуваме повеќе договори, да ја снабдуваме нашата индустрија и да транспортираме гас кон ЈИ Европа, а говори и за нафтоводот Вардакс што ги поврзува Солун и Скопје, како и за инвестициските можности за грчките компании во секторот на обновливите извори на енергија и електроенергетските мрежи.

За Вертикалниот коридор објаснува дека за нас е особено важна разврска со оглед на тоа што веќе три децении земјата има само еден гасовод што нè поврзува со Бугарија, а во период кога Европа дискутира за ослободување од зависноста од рускиот природен гас, „започнавме со изградба на интерконекторот со Грција, кој претставува пресвртница, бидејќи ќе добиеме втора опција за снабдување и повеќе нема да постои монопол на една единствена рута за транспорт на гас“.

За напредокот на изградбата на интерконекторот со јужниот сосед потсети дека неодамна, заедно со претставници на грчкиот оператор ДЕСФА, го посетија градилиштето на „Rapid Build“ во близина на границата меѓу двете земји.

– Утврдивме дека околу 95 отсто од административните постапки веќе се завршени. Цевките се испорачани и проектот се одвива согласно утврдената временска рамка. До јуни 2027 година ќе треба да биде завршен главниот дел од изградбата, а до јули 2027 година да бидат завршени сите работи. Станува збор за околу 68 километри гасовод на наша територија. Во постојана комуникација сме со ДЕСФА и нашата соработка е многу добра, посочи министерката.

За интерконекторот со Србија објасни дека неодамна беше потпишан договорот за делот што се однесува на македонската територија во должина од 23 километри и истакна дека е важно е што компанијата има сопствено производство на цевки, поради што не се очекуваат проблеми со набавката на материјалите.

– Согласно договорот, работите треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а целта е гасоводот да биде целосно функционален во 2028 година. Знам дека процедурите напредуваат и во однос на гасоводот на територијата на Србија. Формиравме технички тимови кои одржуваат редовни состаноци, вршиме проверки на напредокот на три месеци. 2028 година останува годината во која треба да биде завршена целокупното поврзување, нагласи Божиновска.

Објаснува дека Владата одобри формирање оператор на системот за природен гас, нешто што досега не постоеше, а паралелно се работи на завршување на потребната законска регулатива, бидејќи како што вели „не е доволно само да се изградат интерконекторите, туку потребен е и соодветен оператор и целосна регулаторна рамка“.

– Кога ќе бидат завршени овие постапки, ќе можеме да го искористиме FSRU (пловечкиот терминал за течен природен гас) во Александруполи. Веќе имаме резервиран капацитет, што досега не можевме да го користиме. Новата рута ќе ни овозможи пристап до американски ЛНГ и гас од Азербејџан. Ќе можеме да склучуваме повеќе договори, да ја снабдуваме нашата индустрија и да транспортираме гас кон Југоисточна Европа, истакна министерката.

Во интервјуто, се осврнува и на повторното активирање на нафтоводот Солун – Скопје по пауза од 13 години, велејќи дека неговото значење јасно се покажа за време на блокадите на границите, бидејќи „доколку го немавме продуктоводот, можеби ќе се соочевме со криза во снабдувањето“.

Во однос на планот за надградба на електричната интерконекција Мелити – Битола, објаснува дека повеќепати разговарале на оваа тема со министерот за животна средина и енергетика на Грција, Ставрос Папаставру, дека веќе е обезбедено техничко финансирање од еден милион евра од Инвестициската рамка на ЕУ за Западен Балкан со цел да се изработат потребните студии.

– Прво треба да се заврши техничката анализа. Според разговорите што ги имав со операторот на преносниот систем, планирањето може да напредува до 2028 година. Максималниот преносен капацитет што се разгледува е да достигне 1.400 мегавати, иако претходно треба да се направат неопходните пресметки. Зголемувањето на производството од обновливи извори на енергија во двете земји ја прави уште поважна потребата од зајакнување на интерконекциите. Повеќе интерконекции и поголем капацитет се позитивни не само за двете земји, туку и за целиот регион. Важно ќе биде и развивањето на оската Исток – Запад, од Бугарија кон Италија, објасни Божиновска.

Министерката се осврнува и на енергетската транзиција на Македонија, но и на можностите за грчки инвестиции во енергетиката во нашата земја, посочувајќи дека имаме развиено значителен капацитет од обновливи извори на енергија, но и дека следната седмица и официјално ќе биде отворен ветерниот проект со капацитет од околу 400 мегавати на компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати.

Објаснува дека складирањето на енергија е исклучително важно поради значителното производство од обновливи извори на енергија, па затоа „комбинацијата на обновливи единици и складирање претставува значајна инвестициска можност“.

– Енергетската ефикасност исто така е клучен дел од нашата стратегија за следните пет до десет години. Третата голема област се мрежите. Имаме разговарано со АДМИЕ (грчкиот оператор на преносниот систем на електрична енергија) за зајакнување на нашата соработка, бидејќи ни се потребни нови линии за пренос и поголем капацитет. Секако, станува збор за инвестиции со исклучително висок трошок. Во земјата има градови во кои веќе нема слободен електричен простор и тоа значи дека, дури и ако инвеститорот има средства за изградба на нова единица за обновливи извори на енергија, можеби нема да постои можност таа да се приклучи на мрежата, објасни министерката, додавајќи дека проблемот не се однесува само на нашата земја, туку на цела Европа.

За механизмот за јаглеродно гранично прилагодување (CBAM) вели дека она што требаше да се постигне во пракса не функционираше, а сите земји од регионот се соочуваат со истиот проблем, односно со тоа што „механизмот доведе до значително намалување на извозот на електрична енергија од земјите на Западен Балкан кон ЕУ, со сериозни последици за производителите“.

– За справување се оваа ситуација, нашите пазари треба да се спојат со европскиот пазар. Сепак, доцнењето не се должи исклучиво на нашите земји или на фактот дека не сме ги завршиле нашите обврски. Сè уште постојат нерешени прашања и од страна на Европската комисија. Испративме писма до ЕК и ѝ се обративме и на Енергетската заедница. Европската Комисија е запознаена со проблемот. Очекуваме одговор во септември или октомври, објасни Божиновска.

На крајот од интервјуто, министерката посочува дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за првпат беше формирано во јуни 2024 година и во текот на овие две години беше многу направено и „Северна Македонија повторно се враќа на енергетската карта. Учествуваме на меѓународни состаноци и работиме на зајакнување на улогата на нашата земја во регионот“.

…

Related Posts

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата останува на ниско ниво – во август изнесува 2,6% на годишно ниво

07.09.2026

Коњановски: Битола се гради како никогаш досега, конкретни проекти, видливи резултати и јасна визија за иднината

07.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,16 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

07.09.2026

Проданоски: „Старо Бонче“ ќе го добие заслуженото место на мапата на значајните археолошки локалитети

07.09.2026

Проданоски: За многу години осветувањето на храмот „Св. Никола“ во Беровци

06.09.2026

Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

06.09.2026

Препорачани Вести

Прв лидерски самит по ескалацијата со Иран: Заливските држави бараат координиран политички став

Прв лидерски самит по ескалацијата со Иран: Заливските држави бараат координиран политички став

4 месеци ago

Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско (ВИДЕО)

2 недели ago

Популарни Вести

  • Божиновска за грчки енергетски портал: Македонија станува транзитен центар за гас во регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: На денот на независноста, охридскиот аеродром доби нов модерен лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (Фото) НАЈВАЖНИТЕ ДАТУМИ ВО 35 ГОДИШНАТА САМОСТОЈНОСТ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи активности“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН со честитка за 8 Септември: Заедно да изградиме европска и функционална држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.