среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Екс Британскиот премиер Борис Џонсон и високи германски претставници евакуирани од воз за време на рускиот напад кај Полска

by Уредник
13.09.2026
in Свет
Екс Британскиот премиер Борис Џонсон и високи германски претставници евакуирани од воз за време на рускиот напад кај Полска

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон и повеќе германски политички претставници патувале со специјален воз кој се нашол во опасната зона за време на рускиот напад во близина на украинско-полската граница, објавија германските медиуми.

Според „Билд“, кој се повикува на информации на „Шпигел“, во возот бил и Гинтер Заутер, советник за надворешна и безбедносна политика на германскиот канцелар Фридрих Мерц. Со него патувале и други европски функционери, дипломати и пратеници кои претходно престојувале во Киев.

Меѓу германските претставници бил и пратеникот на Зелените во Бундестагот, Робин Вагенер. Делегацијата се враќала од Украина по средби со претставници на украинските власти и учество на меѓународна конференција во Киев.

Возот бил запрен во близина на граничниот премин Јаходин–Дорохуск по предупредување за напад со руски беспилотни летала. Патниците биле евакуирани навреме и, според достапните информации, никој не бил повреден.

Истовремено, руски дрон ја погодил локомотивата на патничкиот воз што сообраќал на линијата Киев–Варшава, на околу два километри од границата со Полска. Украинската железница соопшти дека машиновозачот, останатиот персонал и патниците успеале да го напуштат возот пред ударот.

Медиумските извештаи прават разлика меѓу погодениот патнички воз и специјалниот воз со странските претставници, кој исто така бил евакуиран откако се нашол во зоната на нападот. „Фајненшл тајмс“ објави дека локомотивата била одвоена од остатокот од композицијата пред да биде погодена и дека немало жртви.

Полските и украинските власти информираа и за напад врз камион и инфраструктура во близина на преминот Дорохуск–Јаходин. Работата на граничниот премин била привремено прекината, а потоа повторно воспоставена.

Поради близината на нападите до територијата на Полска, полските вооружени сили ја зголемиле борбената готовност и активирале авиони и системи за надзор на воздушниот простор.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха го нарече нападот „терор на Путин кој тропа директно на вратите на Европската Унија и НАТО“. Тој ги повика партнерите на Киев да го засилат притисокот врз Москва и да воведат дополнителни санкции против рускиот воено-индустриски комплекс.

Германскиот пратеник Робин Вагенер го оцени нападот како чин на „слеп терор“, предупредувајќи дека војната сè повеќе се приближува до границите на ЕУ и НАТО.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Најмалку 10 загинати, многумина повредени: Тешка несреќа на брзата железница во Шпанија

28.10.2026

Трамп, Путин и Си на иста маса? Се разгледува средба во Кина, Украина меѓу можните теми

28.10.2026

Во оваа земја пензиите се повисоки од германските: Што прават поинаку?

28.10.2026
Уште еден американски носач на авиони тргнува кон Блискиот Исток

Си-ен-ен: Американските сили подготвени за нови напади врз Иран, се чека одлуката на Трамп

26.10.2026

Реформи или референдум за излез: Вајдел го претстави планот на АфД за ЕУ

26.10.2026

Германија разгледува подолг работен ден, се најавува и помала квота за работници од Западен Балкан

26.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Во Петрич одбележани 84 години од смртта на Антон Попов, положени венци пред неговиот споменик

3 месеци ago
Дневен хороскоп за 25 октомври: Кого го очекува неочекувана средба, а кој треба да каже „не“?

Дневен хороскоп за 25 октомври: Кого го очекува неочекувана средба, а кој треба да каже „не“?

3 дена ago

Популарни Вести

  • Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Примиле пари од Германија, а не ги пријавиле – Кривични пријави против мајка и син

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евтино возење или скапа сметка? Еве колку чинат 100 километри со бензинец, дизел и електричен автомобил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.