среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Revolut измамен со лажно владино барање: Откриени чувствителни податоци на клиенти

by Уредник
13.09.2026
in Технологија
Revolut измамен со лажно владино барање: Откриени чувствителни податоци на клиенти

Британската финансиско-технолошка компанија Revolut потврди дека доверливи податоци на дел од нејзините клиенти биле предадени на неовластени лица, откако измамници испратиле барање претставувајќи се како претставници на државна институција.

Напаѓачите го испратиле барањето од вистинскиот електронски домен на владината агенција и употребиле автентични акредитиви кои претходно поминале низ проверките на Revolut. Поради тоа, компанијата првично поверувала дека станува збор за легитимно службено барање и ги доставила побараните информации.

Измамата била откриена откако Revolut директно стапил во контакт со претставници на институцијата, при што било утврдено дека барањето не потекнува од овластени службени лица.

Според „ТекКранч“, меѓу откриените податоци може да има датуми на раѓање, домашни и електронски адреси, телефонски броеви, копии од пасоши и возачки дозволи, фотографии направени при проверката на идентитетот, банкарски изводи и историја на трансакции.

Од Revolut нагласија дека инцидентот не ги засегнал средствата на клиентите, ниту внатрешните банкарски системи. Компанијата, сепак, не соопшти колку корисници биле опфатени со неовластеното откривање на податоците.

„По откривањето на инцидентот веднаш ја блокиравме адресата и ги известивме надлежната владина агенција, органите за спроведување на законот, институциите за заштита на личните податоци и финансиските регулатори“, соопшти портпарол на компанијата.

Revolut ги известил и клиентите чии информации можеби завршиле кај измамниците. Засегнатите корисници треба да бидат особено внимателни на сомнителни телефонски повици, електронски пораки и обиди за кражба на идентитетот, бидејќи откриените податоци можат да бидат искористени за нови и попрецизно насочени измами.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Голем кибернапад: Нападнати страниците на дури 178 светски компании

17.11.2026

Xiaomi ги претставува Xiaomi 18 Pro Max и Xiaomi 18 Pro – премиум паметни телефони од новата генерација, создадени за ерата на вештачката интелигенција

17.11.2026
Развод од 70 милијарди долари? По оставката на шефот на „Нвидиа“, светот шпекулира за неговото богатство

Развод од 70 милијарди долари? По оставката на шефот на „Нвидиа“, светот шпекулира за неговото богатство

14.11.2026
ВИДЕО | Неуспех за „СпејсЕкс“: Забрзувачот на „Старшип“ заврши во море, пропадна планот за двојно враќање

ВИДЕО | Неуспех за „СпејсЕкс“: Забрзувачот на „Старшип“ заврши во море, пропадна планот за двојно враќање

14.11.2026
Мајкрософт ги обнови услугите по глобалниот прекин: Загубите од намалена продуктивност би можеле да достигнат 7 милијарди долари

Мајкрософт ги обнови услугите по глобалниот прекин: Загубите од намалена продуктивност би можеле да достигнат 7 милијарди долари

14.11.2026

Xiaomi донесува импресивна иновација на глобалниот пазар на паметни телефони – запознајте ја серијата Xiaomi 18 Pro

12.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Финска ја укинува забраната за нуклеарно оружје, Москва најавува можен одговор

5 месеци ago

ПРЕСВРТ во случајот со масовното труење со салмонела на вработени во познатата македонска компанија

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ле Пен ветува пензионирање на 60 години: Најави и нов пензиски фонд од 900 милијарди евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај за рампите на патарините во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.