среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

(ВИДЕО) Не сте во брак на 25 години? Во Данска пријателите може да ве врзат и да ве посипат со цимет

by Уредник
13.09.2026
in Магазин
(ВИДЕО) Не сте во брак на 25 години? Во Данска пријателите може да ве врзат и да ве посипат со цимет

Необична роденденска традиција од Данска повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Според обичајот, луѓето кои го прославуваат 25. роденден, а сè уште не стапиле во брак, пријателите и семејството ги посипуваат со големо количество цимет.

На снимките што кружат на интернет може да се види како славеникот е врзан за столб, по што присутните го полеваат со вода и го покриваат со цимет од глава до пети. Водата се користи за зачинот полесно да се залепи, а во некои верзии од обичајот се употребуваат и јајца.

Иако ритуалот изгледа сурово, во Данска се смета за шеговит начин на одбележување на роденденот, а не за осуда на лицата кои не се во брак. Данската туристичка организација ја наведува оваа практика меѓу необичните традиции во земјата.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Корените на обичајот се поврзуваат со старите трговци со зачини, кои поради честите патувања неретко останувале неженети. Неоженетите мажи биле нарекувани „пеберсвенд“, односно „момци со бибер“, додека за немажените жени се употребувал изразот „пебермо“.

Се смета дека традицијата со бибер е постара и потекнува од времето кога трговијата со зачини имала значајна улога во данската економија. Посипувањето со цимет на 25. роденден најверојатно се појавило подоцна како поблага верзија на истиот обичај.

Доколку славеникот и на 30 години не е во брак, традицијата добива продолжение – циметот се заменува со бибер. Во некои случаи лицето повторно се посипува, додека во други пред неговиот дом се поставува голема декоративна мелница за бибер или му се подарува сет за сол и бибер.

Обичајот денес главно претставува повод за дружење и забава. Тој не значи дека Данците очекуваат младите да стапат во брак пред 25. година – просечната возраст за прв брак во земјата е значително повисока и изнесува околу 35 години за мажите и над 32 години за жените.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Дали секој месец одвојувате дел од платата? Едноставно правило може да ви помогне да создадете финансиска резерва

28.10.2026

Евтино возење или скапа сметка? Еве колку чинат 100 километри со бензинец, дизел и електричен автомобил

28.10.2026

Не чекајте го првиот снег: Што се случува со летните гуми кога температурите паѓаат?

28.10.2026

Свети Еразмо Охридски има олтар во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

28.10.2026

Три знаци, три финансиски дилеми: Кому денот ќе му заврши со добра вест?

28.10.2026

Победник на BIZBendovi 2026 е бендот The Cards на CaSys

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

29-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“ под мото „Апсолутна власт, апсолутна забава

29-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“ под мото „Апсолутна власт, апсолутна забава

8 месеци ago

САД со алармантно предупредување до Европа

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали секој месец одвојувате дел од платата? Едноставно правило може да ви помогне да создадете финансиска резерва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,42 отсто и најголем промет со акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.