четврток, октомври 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

(ВИДЕО) Рускиот дрон погоди воз кај полската граница неколку минути откако поминала европска делегација

by Уредник
13.09.2026
in Свет
(ВИДЕО) Рускиот дрон погоди воз кај полската граница неколку минути откако поминала европска делегација

Руски дрон ја погодил локомотивата на евакуиран патнички воз во близина на граничниот премин Јаходин–Дорохуск, на само два километра од границата меѓу Украина и Полска.

Нападот се случил само неколку минути откако низ истото подрачје поминал друг воз во кој патувале европски политичари, дипломати и други високи претставници што се враќале од меѓународната конференција „Јалта европска стратегија“ во Киев.

Поранешниот шведски премиер Карл Билт, кој бил дел од делегацијата, потврди дека погодената композиција не била возот во кој патувал тој.

„Ова не беше нашиот воз, туку оној само неколку минути зад нас“, објави Билт, додавајќи дека патниците биле навреме евакуирани и дека безбедносниот систем функционирал добро.

BREAKING: RUSSIAN DRONE STRIKES RAIL LINE MINUTES AFTER EUROPEAN DIGNITARIES PASS

A Russian drone struck the locomotive of an evacuated passenger train near the Yagodyn–Dorohusk crossing, just 2 km from the Polish border, shortly after another train carrying European dignitaries… pic.twitter.com/iCIJATH4oO

— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) September 13, 2026

Украинските служби претходно добиле предупредување за претстојниот воздушен напад. Патниците и железничкиот персонал веднаш биле изнесени на безбедно, а локомотивата била одвоена од остатокот од композицијата. Дронот потоа ја погодил локомотивата, но во нападот немало повредени.

На самитот во Киев присуствувале и поранешниот британски премиер Борис Џонсон, советникот за надворешна и безбедносна политика на германскиот канцелар Фридрих Мерц, Гинтер Заутер, како и повеќе германски пратеници, дипломати и претставници на други западни земји.

Засега, сепак, нема потврда дека Борис Џонсон се наоѓал во возот со кој патувал Карл Билт. Достапните информации потврдуваат дека тој бил во Киев за време на конференцијата, но не и дека бил во композицијата што ја поминала границата непосредно пред нападот.

Руските напади во граничното подрачје предизвикале привремен прекин во работата на преминот Дорохуск–Јаходин. Полска ги активирала своите одбранбени капацитети и го засилила надзорот над воздушниот простор поради близината на ударите до територијата на НАТО.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха го оцени нападот како „терор на Путин кој тропа на вратите на ЕУ и НАТО“ и ги повика западните партнери да го зголемат притисокот врз Москва.

Инцидентот предизвика дополнителна загриженост бидејќи железничката линија Киев–Варшава редовно ја користат странски државници, дипломати и делегации кои патуваат во Украина. Нападот се случил во рамки на голем руски воздушен бран насочен кон повеќе делови од земјата.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Пентагон се подготвува за нови удари врз Иран: Во план масовни напади врз енергетски и нуклеарни цели

08.10.2026

Путин му наредил на „Генералот Армагедон“ да ги разурне мостовите во Киев: Еве зошто

08.10.2026
Доналд Трамп со остра порака до Европа: Справете се сами со енергетската криза

Трамп: Цените на горивата нагло ќе паднат

06.10.2026

Поранешниот шеф на германската разузнавачка служба уапсен поради сомневање за шпионажа

06.10.2026

Финскиот претседател: Колку повеќе Русија се заканува, толку посилно ќе ја поддржуваме Украина

05.10.2026

Цените на гасот растат, зимата се ближи: Стигна важна најава за снабдувањето

05.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Денес е Богојавление – Водици: Празник на верата, прочистувањето и новиот почеток

9 месеци ago

Берзите во Париз, Франкфурт и Лондон доживуваат остар пад поради воениот конфликт во Иран

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Пентагон се подготвува за нови удари врз Иран: Во план масовни напади врз енергетски и нуклеарни цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Ќе се модернизираат пругите кон Србија и Бугарија, се враќа и линијата кон Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски на средбата со Петрова-Чамова: Прашањата за идентитетот, историјата и културата не смеат да бидат пречка за ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,25 отсто, најголем промет со акциите на НЛБ Банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови правила за поседување оружје: Еве што ќе се менува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.