среда, октомври 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој

by Redakcija
17.09.2026
in Економија, Топ Вести

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура и поддршката на микро, малите и средните претпријатија. Фокусот на соработката е насочен кон реализација на проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за економскиот развој. Ова беше истакнато на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со Томаш Бочек, заменик-гувернер на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ), на која се разговараше за реализацијата на тековните проекти и за идната соработка.
„Продолжуваме да го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ, насочувајќи ја поддршката кон проекти што придонесуваат за подобри јавни услуги, поквалитетно образование и економски развој“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
ЦЕБ е присутна во земјава од 1997 година, а досега има одобрено кредити за 10 проекти во јавниот сектор во вкупен износ од 314 милиони евра, а исто така има дадено и значајна поддршка за обезбедување на инвестициски грантови и грантови за техничка помош за подготовка на проектите. Поддршката е насочена кон социјалната инфраструктура и социјалната интеграција, вклучително здравството, образованието, правосудството и социјалното домување, како и кон поддршка на микро, малите и средните претпријатија.
На средбата беше разгледана реализацијата на тековните проекти, меѓу кои дополнителното финансирање со заем и грантови во вкупен износ од 24.1 милион евра за изградба, надзор и опремување на 30 спортски сали во основните училишта, како и за реконструкција на основни и средни училишта. Оваа поддршка е продолжение на успешно реализираниот проект во чии рамки беа изградени и опремени 70 спортски објекти во основните училишта, а беа реконструирани и 90 основни и средни училишта.
Соработката со ЦЕБ опфаќа и кредитна линија од 50 милиони евра за создавање работни места во микро, малите и средните претпријатија, која се реализира преку Развојната банка.
Посебен акцент на средбата беше ставен на проектите што се подготвуваат за наредниот период. Меѓу нив е проектот за довршување на изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ.
Во фокусот на идната соработка е и проектот за основна дигитална инфраструктура. Проектот е насочен кон унапредување на дигиталната инфраструктура и поддршка на процесот на дигитална трансформација.
На средбата беше изразена подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката меѓу Министерството за финансии и ЦЕБ, со фокус на ефикасна реализација на тековните проекти и обезбедување поддршка за нови инвестиции од значење за економскиот и социјалниот развој на земјата.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

28.10.2026

Европа вложува милијарди во критични суровини — може ли Македонија да привлече нови рударски инвестиции?

28.10.2026

Божиновска: Инвестицијата во млади инженери е подеднакво важна како и вложувањето во енергетската инфраструктура

28.10.2026

Министерство за енергетика: Заварени 43 километри од гасоводот со Грција, се подготвува поврзувањето со Србија

28.10.2026

Македонската берза со благ пад на МБИ10 од 0,01 отсто и најголем промет со акциите на Комерцијална банка

27.10.2026

Претставнички на Германската стопанска комора ја посетија фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Американски конзорциум подготвува понуда за купување на Лукоил

10 месеци ago

Тетово: Малолетник со електричен тротинет удрил во четиригодишно дете

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Примиле пари од Германија, а не ги пријавиле – Кривични пријави против мајка и син

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евтино возење или скапа сметка? Еве колку чинат 100 километри со бензинец, дизел и електричен автомобил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.