недела, октомври 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

ОД РУДНИЦИ ЗА ЛИГНИТ ДО ТЕХНОЛОШКИ ЦЕНТАР: Во Грција ќе се гради дата центар вреден 5,8 милијарди евра

by Redakcija
17.09.2026
in Балкан

На местото на поранешните рудници за лигнит во близина на Кожани, во северна Грција, се планира изградба на еден од најголемите центри за податоци во Европа.

Проектот го подготвува грчката национална електроенергетска компанија ДЕИ, а вкупната инвестиција се проценува на околу 5,8 милијарди евра. Планот е просторот кој со децении бил поврзан со ископување лигнит постепено да се трансформира во модерен технолошки центар, паралелно со развојот на производство на чиста енергија.

Според плановите, првата фаза ќе опфати дата центар со капацитет од 300 мегавати, кој треба да биде изграден до крајот на 2028 година. До 2031 година капацитетот би можел да биде зголемен на еден гигават.

ДЕИ веќе разговара со големи меѓународни компании од областа на облачните и дигиталните услуги, познати како „хиперскалери“, кои би можеле да го користат идниот центар за податоци.

Проектот е дел од пошироката трансформација на регионот Кожани, кој е еден од областите во Грција најсилно погодени од постепеното напуштање на лигнитот. Грчката влада во 2019 година најави прекин на производството на електрична енергија од лигнит, а последната оперативна електрана во регионот, Птолемаис 5, треба да престане да користи лигнит до крајот на оваа година.

Локалните жители, сепак, укажуваат дека економската транзиција досега не создала доволно нови работни места за да ги ублажи последиците од затворањето на рудниците и намалувањето на производството од јаглен.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис при неодамнешната посета на регионот најави дека трансформацијата треба да донесе нови и подобро платени работни места. Владата планира за развојот на регионот да се користат и европски средства.

Покрај дата центарот, во областа се планираат и дополнителни проекти за производство на зелена енергија, со што поранешниот јагленов регион би требало постепено да се претвори во енергетски и технолошки центар.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ФОТО | Во Пиринска Македонија одбележани Кресненското востание и 11 Октомври: Почит за загинатите и пораки за македонските права

ФОТО | Во Пиринска Македонија одбележани Кресненското востание и 11 Октомври: Почит за загинатите и пораки за македонските права

11.10.2026

Јоргос Папандреу за “Надворешна” на МРТ: “ЕУ треба да се вклучи поактивно во решавање на спорот со Бугарија”

10.10.2026

Дојави за бомби испразнија училишта во Србија, полицијата ги проверува објектите

09.10.2026

Македонци од Леринско повикани во полиција по пеењето македонски песни на Илинден

09.10.2026

Европол разби балканска наркомрежа: Речиси 50 уапсени, запленети дрога, оружје и пари

08.10.2026

Драма во Истанбул: Се урнаа три ката од седумкатна зграда, спасени осум лица

08.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Уапсен 18-годишник: Имал филмска трка со полицијата

4 месеци ago

Мрак во 21 век на само 8 км од Велес: Илјадници жители и туристичкиот бисер на градот оставени на немилост на ЕВН

9 месеци ago

Популарни Вести

  • „Фајненшл тајмс“: Постојат руски планови за атентати врз директори на компании што ја снабдуваат Украина

    „Фајненшл тајмс“: Постојат руски планови за атентати врз директори на компании што ја снабдуваат Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трагедија во Турција: 11 загинати и 27 повредени откако автобус се судри со камион и се преврте

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО | Борци од Леринско во ослободено Скопје: Фотографија потсетува на Првата егејска бригада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Остра порака од Трамп до Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски му одговори на Трамп: Дајте ни 60 дена целосно примирје и ќе организираме избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.