петок, октомври 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Знаењето мора да најде примена во локалната економија и јавниот сектор

by Redakcija
18.09.2026
in Република

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува значајна можност за размена на научни знаења, искуства и идеи, особено во време кога дигитализацијата сè повеќе ги менува економијата, бизнисот и институциите.

Според Проданоски, дигиталната трансформација на локално ниво може да придонесе за поефикасни услуги, поедноставени процедури и полесен пристап за граѓаните и компаниите.

„Но, зад секоја технологија мора да стои знаење. Затоа соработката меѓу академскиот сектор, бизнисот и институциите е особено важна“, посочува Проданоски.

На конференцијата учествуваат професори, истражувачи и претставници од повеќе земји, меѓу кои Македонија, Полска, Хрватска, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Косово и Турција.

Проданоски нагласува дека Општина Прилеп сака да ја продлабочува соработката со образовните институции, бизнис-секторот и младите, со цел научните знаења и идеи да најдат практична примена во локалната економија и јавниот сектор.

„Нашата задача е да создадеме простор во кој знаењето нема да остане само во научните трудови и дискусиите, туку ќе најде примена во локалната економија, јавниот сектор и во решавањето на конкретните предизвици со кои се соочува градот“, вели градоначалникот.

Тој упати благодарност до Економскиот факултет – Прилеп и до сите учесници кои придонесуваат Прилеп да биде место за средба на науката, бизнисот и практиката.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО – Проданоски: Нови улици, водоводи и спортска сала – инвестираме во развојот на Прилеп

30.10.2026

Коњановски: 180 проекти ја одбележаа првата година од мандатот, инвестираме во инфраструктура, училишта и градинки

30.10.2026

Прекини на струјата во Тетово, Челопек, Мерово и Прељубиште

29.10.2026

Пет нови животински видови пристигнаа во Зоолошката градина во Битола

29.10.2026

Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

28.10.2026

ВИДЕО: Снег вее на Стража

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Околу 19.000 домаќинства во североисточна Словенија без струја поради снежното невреме

8 месеци ago

Кружат измамнички пораки во име на институции

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Енергетската транзиција мора да донесе сигурност и нови можности за економски развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Туристички бум во Туркије: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Робот за достава минал на црвено и се судрил со автобус – Деветмина повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво автомобилот, потоа и куќата: Полицијата одзела бела материја, ваги и пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Проданоски: Нови улици, водоводи и спортска сала – инвестираме во развојот на Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.