вторник, октомври 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Трагедија на патот Битола – Прилеп: Загина 17-годишна девојка, три лица се тешко повредени

by Уредник
20.09.2026
in Црна Хроника
Трагедија на патот Битола – Прилеп: Загина 17-годишна девојка, три лица се тешко повредени

Седумнаесетгодишна девојка загина, три лица се здобија со тешки телесни повреди, а уште едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила на патот Битола – Прилеп.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Битола на 19 септември 2026 година, во 18:29 часот. Судирот се случил кај местото познато како „Туланата“.

Во несреќата учествувале патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф. (28) од прилепското село Канатларци, и патничко возило „форд“, исто така со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (48) од селото Долно Српци, Општина Могила.

На местото на несреќата починала 17-годишна сопатничка од „опелот“. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Битола.

Возачот на „опелот“, Е.Ф., се здобил со тешки телесни повреди.

Тешко биле повредени и Д.Н. (44) и седумгодишно дете од Долно Српци, кои биле сопатници во „фордот“. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.

Со повреди се здобил и возачот на „фордот“, М.Н.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола. Полицијата работи на утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Пријава против полициски раководител во Јажинце: Не казнил возач со истечена сообраќајна дозвола

13.10.2026

Контрола во тетовско заврши со приведување, одземени автомобил и огревни дрва

13.10.2026

„Task Force“ во акција кај Делчево: Контрола на автомобил заврши со две приведувања

13.10.2026

Малолетник со сила му одзел накит на шведски државјанин во Градскиот парк

12.10.2026

Физичка пресметка пред скопски ноќен клуб, 20-годишна девојка била агресивна и кон полицијата

12.10.2026

Казни за свадбарите што го блокираа сообраќајот во Аеродром

12.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Тоневски: Пробиштип е горд на Јована Јаневска, државен првак по географија

4 месеци ago
Во кои земји заработуваат најмногу по час? Листа што ќе ве изненади

Недостигот на работници ги зголеми платите во една од најпотценетите професии

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Очекуваме раст на БДП од 3, 5 %, градежништвото останува силен двигател на економскиот развој на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Карпош и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе населени места во тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Градиме истоверемено шест автопати, на Македонија и се случува силен инфраструктурен развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп доби признание за лидерство во циркуларната економија на Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.