среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

(ВИДЕО) Путин испрати предупредување до Европа: „Оставете нè да живееме мирно, инаку ќе реагираме“

by Уредник
20.09.2026
in Свет
(ВИДЕО) Путин испрати предупредување до Европа: „Оставете нè да живееме мирно, инаку ќе реагираме“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва нема агресивни намери кон европските држави и дека е подготвена за обновување на односите и соработката со своите соседи. Истовремено, тој предупреди дека Русија ќе одговори доколку процени дека нејзината безбедност е загрозена.

Путин ги упати пораките во петокот, за време на состанокот на руската Воено-индустриска комисија, на кој беа претставени и приоритетите на новата државна програма за вооружување.

„Сакам уште еднаш да нагласам дека Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји. За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи“, рече Путин.

Тој обвини дел од европските лидери дека се подготвуваат за можен воен конфликт со Русија и дека војната во Украина, како и тврдењата за руска закана, ги користат за оправдување на своите внатрешни и безбедносни политики.

Ги критикуваше воените вежби во Балтичкото Море

Рускиот претседател посебно се осврна на воените вежби што европските земји ги спроведуваат во Балтичкото Море.

Путин тврди дека во рамките на овие активности се разработуваат и сценарија за запленување цивилни пловила. Тој ги обвини европските држави за двојни стандарди, бидејќи, според него, јавно повикуваат на почитување на меѓународното право, а истовремено се подготвуваат за дејства спротивни на тие принципи.

„Постојано зборуваат за одбрана на меѓународното право и почитување на неговите норми, а сепак се подготвуваат за запленување цивилни пловила“, изјави Путин.

Потоа упати директно предупредување дека Москва нема да остане без одговор доколку ваквите активности продолжат.

„Оставете нè да живееме во мир. Во спротивно, и ние ќе бидеме принудени да реагираме“, порача рускиот претседател.

Нуклеарната тријада останува апсолутен приоритет

На состанокот Путин ги претстави и главните насоки на новата руска државна програма за вооружување.

Според него, програмата ќе биде насочена кон модернизација на вооружените сили и развој на руската одбранбена индустрија, во согласност со промените во глобалните безбедносни закани.

Како апсолутен приоритет го посочи натамошното зајакнување на руската нуклеарна тријада, составена од копнени интерконтинентални ракети, стратешки подморници и бомбардери способни да носат нуклеарно оружје.

Путин оцени дека нуклеарната тријада е клучна за гарантирање на суверенитетот на Русија и за одржување на глобалната рамнотежа на силите.

Тој изјави дека 92 проценти од руските Стратешки ракетни сили веќе се опремени со современо оружје.

Зајакнувањето на нуклеарните сили и унапредувањето на противракетната одбрана биле меѓу главните теми на состанокот на Воено-индустриската комисија, пренесе и “Ројтерс” (https://www.reuters.com/world/putin-says-ukraine-interfering-russian-parliamentary-election-2026-09-18/).

Повеќе дронови, роботски системи и прецизно оружје

Меѓу другите клучни приоритети Путин ги наведе зајакнувањето на противвоздушната и противракетната одбрана, пошироката употреба на беспилотни летала и роботски борбени системи, како и развојот на оружје со висока прецизност.

Русија, според најавите, ќе продолжи да инвестира и во развојот на воената вселенска инфраструктура.

Една од целите е комплетирање на руската орбитална сателитска констелација, која треба да ги подобри можностите за вселенско извидување, навигација и комуникација.

Сателитската мрежа треба да обезбеди и поширок пристап до брз интернет, како и командување и контрола над воените сили и вооружувањето во реално време.

Пораките на Путин доаѓаат во време на високи тензии меѓу Русија и европските држави поради војната во Украина, зголеменото европско вооружување и сè почестите меѓусебни обвинувања за безбедносни закани.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Руски дизел утре тргнува за САД: Првата пратка ќе изнесува 40.000 тони

21.10.2026

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше „многу глупав руски генерал“

21.10.2026

Без нив Германија тешко ќе функционира: Во овие професии повеќе од половина од работниците се странци

21.10.2026

„Блумберг“: Сериозно предупредување од НАТО до Зеленски

21.10.2026

Мерц: Русија не сака само да ја порази Украина, туку и да го дестабилизира европскиот поредок

20.10.2026

Зеленски бара итна помош – САД не ги одобруваат испораките на „Патриот“ од сојузниците за Украина

20.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Вардар – Пелистер: Билетите достапни, дербито закажано за 7 мај

Вардар – Пелистер: Билетите достапни, дербито закажано за 7 мај

6 месеци ago

Андоновски: Почнува изградбата на Национален дата центар – темел на дигиталната Македонија

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Средба на Архиепископот Стефан со шефот на политичко-економскиот оддел при Амбасадата на САД во Скопје Бредли Гарднер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Со KfW разговараме за нови инвестиции и постабилен енергетски систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром: Прекини до пет и пол часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе делови од Тетово и околината: Прекини и на Попова Шапка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама со нов удар по учесниците во насилствата: Најави забрани за патување, превоз и хотели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.