сабота, октомври 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но следниот чекор е ред, план и силна мрежа

by Redakcija
23.09.2026
in Економија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од секторот на обновливите извори на енергија.

Во обраќањето пред учесниците, Божиновска порача дека соларната енергија повеќе не е иднина, туку сегашноста на македонската енергетика, но дека следната фаза мора да донесе повеќе ред, планирање и предвидливост. 

„Не можеме да градиме обновливи капацитети побрзо од она што мрежата може безбедно да го прими. со новата регулатива и годишните планови Македонија создава предвидлив амбиент за инвестиции и сигурен енергетски систем. Планираме однапред, ја подготвуваме мрежата и создаваме услови новите инвестиции навистина да бидат функционални и одржливи“, порача Божиновска.

Таа посочи дека новата законска рамка за енергетика и обновливи извори поставува правила за пофер и попредвидлив инвестициски амбиент, но истовремено обезбедува и поголема заштита на енергетскиот систем.

Особено значаен нов механизам, како што истакна министерката, се годишните планови за развој на енергетската инфраструктура, преку кои однапред ќе се утврдува каде, кога и какви нови капацитети може да се развиваат, во согласност со реалните можности на мрежата.

„Сакаме да ставиме крај на пристапот ‘прво да изградиме, па потоа да бараме решение за мрежата. Паралелно со новите соларни и ветерни капацитети, Министерството работи на зајакнување и дигитализација на преносната и дистрибутивната мрежа, како и на развојот на батериското складирање. Иднината на обновливите извори не е само во тоа колку произведуваме, туку колку паметно ја користиме и ја складираме енергијата“, истакна министерката.

Божиновска посочи дека Македонија се подготвува и за следната генерација енергетски технологии. Со првата сеопфатна Водородна студија и новата енергетска инфраструктура се планира со поглед кон идните технологии. Како пример го посочи гасниот интерконектор со Грција, кој е проектиран со можност за иден транспорт на зелен водород.

Божиновска упати и јасна порака до инвеститорите дека државата останува отворена за нови инвестиции во енергетиката, но дека тие мора да се развиваат во рамки на јасни и еднакви правила.

„Вратата е отворена, но правилата мора да бидат јасни и еднакви за сите. Нашата задача е да создадеме систем во кој добрата инвестиција има сигурност, државата има контрола врз својот енергетски систем, а граѓаните добиваат сигурна и достапна енергија. Да ја градиме енергетиката на Македонија – со повеќе сонце, повеќе инвестиции, посилна мрежа и јасен план за иднината“,порача Божиновска.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања

16.10.2026

Мицкоски: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, се бориме цената да остане иста и од јануари

16.10.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,55 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

16.10.2026

Европа ја забрзува трката по критични минерали: нов повик за стратешки проекти до крајот на годината

16.10.2026
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Николоски: Планираме реконструкција и електрификација на пругата Велес – Битола и набавка на околу 9 патнички возови и 5 електрични локомотиви

16.10.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,54 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

15.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Не ги фрлајте старите мобилни телефони: На еден модел од 2007 година жена заработила 185.000 евра

3 недели ago

Недела носи дожд и грмежи: Можни локални невремиња по топлиот бран

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Мајка пријавила дека сосед ја нападнал нејзината малолетна ќерка во тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пленковиќ: Македонија беше пред Хрватска, но две држави ѝ одзедоа 21 година на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грција отвори огромно батериско складиште за електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: „Летечкиот“ автомобил на Маск меѓу големите ветувања и долгото чекање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.