Претрес во Тетово, пронајдена марихуана, лишени од слобода две лица
На 24.09.2026 во 20:25 часот во Тетово, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишија од слобода С.И.(20) од с.Лисец и Р.Џ.(20) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Потоа, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на Р.Џ. во Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени три поголеми пакувања и една најлонска ќеса со марихуана.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


…












