петок, октомври 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Вајц: Македонија има огромен потенцијал за природен туризам, треба да ги покажеме убавините пред светот

by Redakcija
25.09.2026
in Македонија

Последиците од климатските промени сè посилно се чувствуваат во Европа, а особено се погодени земјоделството, инфраструктурата и животната средина, оцени европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц.

Говорејќи на Втората сесија на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, посветена на животната средина, Вајц посочи дека годинава Европската Унија се соочила со топлотни бранови, суши и големи шумски пожари.

Според него, дел од овие појави веќе не се ограничени на традиционално погодените региони, туку се забележуваат и во земји каде што претходно биле невообичаени.

Вајц оцени дека борбата против климатските промени мора да продолжи, но паралелно со намалувањето на емисиите потребно е општествата да се приспособат на условите кои веќе се менуваат.

Тој посочи дека во ЕУ годинава биле регистрирани околу 35.000 смртни случаи поврзани со влијанието на високите температури.

Како пример ја посочи Австрија, каде што екстремните температури влијаеле и врз железничкиот сообраќај.

„Ситуацијата ескалира и политичарите треба да бидат свесни дека треба да ги подготвиме општествата, градовите, земјоделството и сообраќајот“, рече Вајц.

Во однос на Македонија, европратеникот се осврна и на низа прашања поврзани со животната средина, меѓу кои управувањето со отпадните води, депониите, загадувањето на воздухот и рударството.

Тој посебно го истакна потенцијалот за развој на природниот туризам, посочувајќи дека Македонија располага со голем број природни богатства.

Вајц ги спомена Пелистер, Галичица, Маврово и Шар Планина, како и трите национални паркови во земјата.

„Северна Македонија е една од најубавите земји што ги имам посетено. Колку луѓе знаат за тоа? Рекламирајте се, покажете му на светот какви убавини имате“, порача Вајц.

Според него, развојот на природниот туризам не е само прашање на заштита на животната средина, туку и можност за економски развој, особено за локалните заедници.

Тој како примери за развој на природниот туризам ги посочи Албанија и Црна Гора, нагласувајќи дека Македонија има предуслови за сличен развој.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски: Михаилова и нејзиниот татко ќе се соочат со правдата, случајот ќе го отвориме и пред партнерите во НАТО

16.10.2026

Колумна на Виктор Грозданов за НетПрес: Левичарски лажовчини

16.10.2026

Свети Спас со хуманитарни пунктови кај Веро на 17 и 18 октомври

16.10.2026

Утре дожд и северен ветер, на повисоките планини се очекува слаб снег

15.10.2026

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ со нов проект во Битола и план за 2.000 работни места

16.10.2026

Крај на колоните на патарините? Се анализира нов модел

15.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ФФМ: „Обвинувањата за судењето се алиби за поразот, Шкендија не е оштетена“

ФФМ: Казната за Шкендија останува во сила

4 месеци ago

Опожарено возило во Скопје – соседите спречиле поголема штета

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Пленковиќ: Македонија беше пред Хрватска, но две држави ѝ одзедоа 21 година на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грција отвори огромно батериско складиште за електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: „Летечкиот“ автомобил на Маск меѓу големите ветувања и долгото чекање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, се бориме цената да остане иста и од јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.