среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност

by Redakcija
29.09.2026
in Економија, Топ Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето, МЕРМС успеа да го достигне максималниот резултат – целосно исполнување на обврските за проактивно објавување информации од јавен карактер.

Резултатот од 100 проценти е силна потврда дека отвореноста, отчетноста и навременото информирање на јавноста се поставени како стандарден начин на работа на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Според официјалниот извештај, МЕРМС е единственото министерство со освоени максимални 100 проценти активна транспарентност во 2026 година. Индексот ја мери исполнетоста на обврските за активно, односно проактивно објавување информации на интернет-страниците на институциите.

МЕРМС е институција формирана во 2024 година, а за само две години воспостави нови процедури, работни процеси и стандарди, но и култура на работа во која отвореноста кон јавноста е дел од секојдневната институционална одговорност.

Овој резултат е потврда на принципот дека граѓаните имаат право да знаат како работи институцијата, кои одлуки ги носи, кои политики ги спроведува и како се управува со јавните ресурси.

Активната транспарентност, како што ја дефинира Центарот за граѓански комуникации, подразбира институциите на сопствена иницијатива да објавуваат информации од јавен карактер, без граѓаните претходно да мора да поднесат барање за нив.

Сто проецнти активна транспарентност значи целосно исполнување на критериумите за проактивно објавување информации на веб-страницата на Министерството. Во оценувањето се опфатени клучни области како: пристапот до информации од јавен карактер, надлежностите и услугите на институцијата, одговорноста, отчетноста и интегритетот, како и буџетската и финансиската транспарентност. Дополнително, се оценува и навременоста и целосноста на одговорот на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.

И уште поважно: извештајот покажува дека МЕРМС во однос на 2025 година го подобрил резултатот за 34,8 процентни поени, што е најголемото подобрување меѓу министерствата.

Токму ова е принципот врз кој МЕРМС го гради своето институционално работење – информацијата да стигне до граѓаните навреме. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини посочуваат дека максималниот резултат е признание, но и обврска понатаму да се одржува највисокото ниво на отвореност.

Министерството останува посветено на принципите на отвореност, отчетност, професионалност и достапност на информациите, со цел граѓаните, медиумите и сите заинтересирани страни да имаат јасен и навремен увид во работата на институцијата.

Максимална транспарентност за само две години – резултат кој покажува дека кога отвореноста кон граѓаните е поставена како принцип на работа, таа може да стане институционален стандард.

Линк до извештајот: https://eur04.safelinks.protection.outlook.com/?url=https%3A%2F%2Fwww.ccc.org.mk%2Fwp-content%2Fuploads%2F2026%2F09%2Faktivna-transparentnost-2026.pdf&data=05%7C02%7CSvetla.Jakshik%40energy.gov.mk%7C35a14ada6d764b64ee1e08df1d3ecbf7%7Ccf4a8e3aff92456b9ccca8e3bea49c82%7C0%7C0%7C639261827695985859%7CUnknown%7CTWFpbGZsb3d8eyJFbXB0eU1hcGkiOnRydWUsIlYiOiIwLjAuMDAwMCIsIlAiOiJXaW4zMiIsIkFOIjoiTWFpbCIsIldUIjoyfQ%3D%3D%7C0%7C%7C%7C&sdata=giWpv0PIt%2FfmjghX9XfXIH39Z6tnQzth6lPzTxuGufE%3D&reserved=0

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,55 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

21.10.2026

Николоски на терен: „Се гледа крајот“ – одличен напредок на автопатот Охрид – Кичево

21.10.2026

Мицкоски ќе учествува на Самитот на Берлински процес

21.10.2026

Каде се заработуваат милиони? УЈП ги откри највисоките плати, дивиденди и годишни приходи

21.10.2026

Проданоски: Поставени нови столчиња на стадионот „Гоце Делчев“

21.10.2026

Има само четири години, а веќе остварило милионски доход: УЈП ги објави податоците за 2025 година

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Нови правила за италијанско државјанство: Ограничување на правото на државјанство по потекло

Нови правила за италијанско државјанство: Ограничување на правото на државјанство по потекло

7 месеци ago

МАГИЧНО ВИДЕО – Историски момент во Барселона: По 143 години заврши изградбата на главната кула на Саграда Фамилија

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,55 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски на терен: „Се гледа крајот“ – одличен напредок на автопатот Охрид – Кичево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Глечерот на судниот ден“ се топи побрзо од проценките: Научниците предупредуваат на поголем ризик за крајбрежјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците конечно ја разрешија големата мистерија зад култните статуи на Велигденскиот Остров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Царината пресече обид за шверц: Лекови од 336.000 денари сокриени во автобус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.