сабота, ноември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Ормус повторно се полни со танкери: Нафтата тече низ стратешкиот теснец

by Redakcija
29.09.2026
in Економија

Транспортот на нафта низ Ормускиот Теснец повторно бележи значително зголемување, откако со недели сообраќајот беше сериозно ограничен поради воените дејствија и заканите поврзани со конфликтот меѓу Иран, САД и Израел.

Според податоците на аналитичката компанија Vortexa, низ теснецот во просек минувале околу 11,2 милиони барели нафта дневно во текот на една недела. Во бројката се вклучени различни нафтени производи, како и течен нафтен гас (LPG) и деривати, меѓу кои и бензинот.

Vortexa проценува дека во однос на периодот пред почетокот на конфликтот, околу 80 отсто од транспортот на сирова нафта и гасни кондензати повторно се одвива преку Ормускиот Теснец.

Зголемување на извозот од Персискиот Залив регистрирала и аналитичарката Амена Бакр од Kpler. Според податоците на компанијата, главните производители на нафта од Блискиот Исток во септември извезувале околу 12,8 милиони барели дневно, што е значително повеќе во споредба со периодот кога транспортот бил најмногу погоден.

Сообраќајот низ Ормускиот Теснец беше во голема мера запрен поради воените активности и заканите од Иран, откако САД и Израел започнаа напади врз Иран кон крајот на февруари.

Како една од причините за зголемувањето на транспортот, Vortexa го наведува и проширувањето на таканаречената „шатл флота“. Станува збор за танкери кои, според аналитичарите и американските медиуми, под заштита на американската морнарица минуваат низ теснецот и ја преземаат нафтата од терминалите во Персискиот Залив, по што ја префрлаат на други танкери кои чекаат надвор од теснецот.

Ормускиот Теснец е еден од клучните светски поморски коридори за транспорт на енергенси, па секое нарушување на сообраќајот низ него има директно влијание врз глобалниот пазар на нафта и цените на енергенсите.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Станови за околу 1.000 евра по квадрат за млади брачни парови

28.11.2026

Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

28.11.2026

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

28.11.2026

Лоши вести за граѓаните со кредити во евра: ЕЦБ најавува можно зголемување на каматните стапки во декември

28.11.2026

Божиновска: Со УНЕЦЕ ќе работиме на проширување на мрежата на жени во енергетската дипломатија

28.11.2026

И Здравје и Работа: Грција го отвори еден најголемите рудници во Европа на Халкидики, македонското рударство се уште чека шанса 

27.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

(ВИДЕО) Кривична пријава и суспензија за полицаец од Чашка: Пукал со огнено оружје на семејна прослава

(ВИДЕО) Кривична пријава и суспензија за полицаец од Чашка: Пукал со огнено оружје на семејна прослава

5 месеци ago
Антонио Кошта во официјална посета на Македонија, ќе оствари средба со Мицкоски

Антонио Кошта во официјална посета на Македонија, ќе оствари средба со Мицкоски

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Полициска акција во кабаре во Охрид: Затекнати Русинки кои илегално влегле во Македонија и покрај забраната за влез

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Станови за околу 1.000 евра по квадрат за млади брачни парови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во работна посета на РЕК Битола: Стабилното производство на електрична енергија е од клучно значење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ужас во Тетово: Ја тепал вонбрачната партнерка и ја принудувал да оди со други мажи за пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.