вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Денеска се празнуваат Вера, Надеж и Љубов: Празник посветен на трите маченички и мајка им Софија

by Redakcija
30.09.2026
in Магазин

Македонската православна црква и верниците денеска го празнуваат споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија, светици кои со векови се почитуваат во христијанската традиција.

Празникот е посветен на четирите римски маченички кои живееле кон крајот на првиот и почетокот на вториот век, во времето на царот Адријан.

Софија, чие име на грчки значи мудрост, останала вдовица по раѓањето на својата трета ќерка. Таа ги воспитувала Вера, Надеж и Љубов во духот на христијанската вера, а нивните имиња ги симболизирале трите важни христијански добродетели.

Според житието, Вера имала 12 години, Надеж 10, а Љубов само 9 години кога семејството било изведено пред царот Адријан. Тие не се откажале од својата вера и одбиле да принесат жртви на паганските богови, и покрај заканите и ветувањата за богатство и удобен живот.

Царот најпрво ја повикал Вера, а потоа и нејзините сестри Надеж и Љубов. Трите девојчиња биле подложени на мачења и на крајот погубени поради својата вера.

Софија ги погребала своите три ќерки, а потоа три дена и три ноќи се молела над нивниот гроб. Според преданието, по тој период и таа починала, а Црквата ја почитува како маченичка поради нејзината вера и страдањето со своите ќерки.

Празникот ја нагласува духовната симболика на имињата Вера, Надеж и Љубов, како три добродетели што се поврзуваат со христијанското учење.

Именден денеска празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил и Љуба.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Пред 85.000 години во Македонија живееле неандерталци: Откриени над 6.000 камени орудија и артефакти

17.11.2026

Некој ќе покаже што чувствува: Овие знаци ги очекува интересен 17 ноември

17.11.2026

Шеик нарачал огромен „Хамер“: Има два ката, кујна и тоалет, а се управува со џојстик

16.11.2026

Светот бара ограничувања за оружјето со вештачка интелигенција што убива без човечка интервенција. Две големи сили се противат

16.11.2026

Над Арктикот се случи нешто досега незабележано. Што значи тоа за зимата?

16.11.2026

Невен и Евица купиле куќа на невидено за само 7.500 евра, а кога влегле останале вчудовидени: „Не можевме ни да замислиме“

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски: Очекуваме ново поевтинување на горивата, цените во Македонија се најниски во регионот

5 месеци ago

Важни информации за македонските граѓани на Блискиот Исток

9 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.