сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Најава за поевтина струја: РКЕ разгледува нови можности

by Redakcija
02.10.2026
in Економија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) анализира дали постојниот модел на блок-тарифи и евтината тарифа за електрична енергија треба да се промени, а една од опциите е прилагодување на периодите во кои домаќинствата плаќаат пониска цена.

Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ посочи дека конечна одлука сè уште нема и дека Комисијата ги очекува податоците и барањата од енергетските компании за следниот тригодишен регулиран период.

Според Ристов, сегашниот модел на тарифи е креиран во услови на енергетска криза, кога електричната енергија била најскапа во текот на денот. Во меѓувреме, зголеменото производство од фотоволтаичните централи значително ја промени состојбата на пазарот.

„Имаме евтина енергија преку ден, кога има хиперпродукција од фотоволтаиците, а навечер, кога ги нема, електричната енергија може да биде поскапа“, изјави Ристов.

Поради тоа, РКЕ разгледува дали распоредот на евтината тарифа треба да се приспособи на актуелните услови на пазарот. Како можност се разгледува и проширување на евтината тарифа во одредени периоди за време на викендите, кога индустриската потрошувачка е пониска и може да има вишок електрична енергија.

РКЕ сака податоци за производството и потрошувачката на секои 15 минути

Регулаторот планира и воспоставување дигитална платформа преку која би се собирале податоци за производството и потрошувачката на електрична енергија во реално или блиску до реално време.

Целта е РКЕ да има попрецизна слика за состојбите во електроенергетскиот систем и врз основа на тие податоци да носи одлуки поврзани со тарифите.

Ристов смета дека досегашното прибирање податоци на месечно, полугодишно или годишно ниво не е доволно за детални анализи.

„Нас не ни треба дневен податок. Ни треба 24 часа, на секои 15 минути, да имаме график и да знаеме што ни се случува“, рече Ристов.

Платформата би ги опфаќала различните извори на производство – фотоволтаични, ветерни, термо и хидроцентрали, како и увозот на електрична енергија. Истовремено, би се следела и структурата на потрошувачката.

Се најавуваат и паметни броила

Во тек е и подготовка за воведување паметни броила, кои би овозможиле попрецизно следење на потрошувачката на електрична енергија во различни периоди.

Последните информации се дека РКЕ подготвува извештај до Владата, по што би требало да започне постапка за набавка и воведување паметни броила во целата држава.

Овие уреди би биле особено значајни доколку тарифите во иднина повеќе се поврзуваат со периодот во кој се троши електричната енергија.

Паметните броила би можеле да бидат дел и од поширок систем во кој домаќинствата со фотоволтаици, батерии и електрични автомобили би можеле поефикасно да управуваат со сопственото производство и потрошувачка.

Левица предлага зимски и летен тарифен систем

Во меѓувреме, од Левица предлагаат промена на тарифниот модел. Партијата смета дека тарифните блокови треба да останат, но да се прошири временскиот опсег во кој важи евтината тарифа.

Левица предлага воведување повеќетарифен систем со зимски и летен режим, како и повеќе часовни блокови за тарифирање.

Партијата предлага и воведување таканаречена „сончева тарифа“, со која, според нив, би се овозможило подобро усогласување на производството и потрошувачката, особено во периодите кога има вишок електрична енергија од сончевите централи.

Конечната одлука за евентуалните промени во тарифниот модел сè уште не е донесена.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

31.10.2026

Паднаа цените на златото и среброто на светските пазари

31.10.2026

Колку пари се потребни за удобен живот во Европа?

31.10.2026

Милијарди евра на банкарските сметки: Што откриваат бројките за штедењето?

31.10.2026

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал и девет месеци од 2026 година

30.10.2026

Божиновска: Енергетската транзиција мора да донесе сигурност и нови можности за економски развој

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Русија испраќа воени бродови за придружба на трговските пловила по серијата напади на Средоземното Море

Русија пред економски колапс? Шведска алармира за скриена криза што допрва ќе експлодира

6 месеци ago
(ВИДЕО) Хутите тврдат дека уништиле десет воени возила во новите борби во Јемен

(ВИДЕО) Хутите тврдат дека уништиле десет воени возила во новите борби во Јемен

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Протест од 1950 година: Што пишувала „Борба“ за репресиите врз Македонците во Пиринска Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.