сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Нова закана за цените на храната: Пченицата поскапе над 6%

by Redakcija
02.10.2026
in Економија

Новиот раст на светските цени на пченицата, шеќерот и растителните масла може да донесе дополнителен притисок врз цените на храната доколку нарушувањата во транспортот и неповолните временски услови продолжат.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во септември достигна просек од 136 поени, што е раст од 1,5 проценти во однос на август и 5,8 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година.

Најголем раст е регистриран кај пченицата и шеќерот.

Светските цени на пченицата во септември се зголемиле за 6,3 проценти, главно поради логистичките ограничувања во регионот на Црното Море и сувото време во делови од Северна Америка пред почетокот на сеидбата.

Цената на пченката пораснала за 5,6 проценти во однос на август, поради загриженоста за приносите во САД, намалената достапност за извоз од Бразил и нарушувањата во трговијата преку регионот на Црното Море.

Значително поскапување има и кај шеќерот. Неговата цена пораснала за 6,1 процент, што ФАО го поврзува со очекувањата за намалување на глобалните залихи во сезоната 2026/27.

ФАО наведува дека врз очекувањата за производство влијаат помалото производство во Тајланд, загриженоста за родот во Индија поради врнежите под просекот, временските услови во Бразил и намалувањето на површините под шеќерна репка во Европската Унија.

„Сведоци сме на постојано и сè пошироко зголемување на глобалните цени на производите, бидејќи нарушувањата во Ормутскиот теснец и Црното Море се комбинираат со климатските шокови, вршејќи притисок врз енергијата, транспортот и клучните прехранбени производи“, изјави главниот економист на ФАО, Максимо Тореро.

Тој предупредува дека доколку овие притисоци продолжат, тие би можеле да се пренесат и врз цените на храната за крајните потрошувачи, особено во земјите кои се зависни од увоз на храна и енергија.

Поскапе и оризот, чија цена се зголемила за 1,4 проценти, додека растителните масла биле поскапи за 0,9 проценти во однос на август. Растот кај маслата се поврзува со повисоките цени на палминото масло и загриженоста за производството во Југоисточна Азија.

Од друга страна, цените на месото во септември се намалиле за 1,1 процент, главно поради големите залихи на свинско и пилешко месо.

Кај млечните производи е регистрирано мало намалување од 0,1 процент, главно поради пониските цени на сирењето.

ФАО истовремено очекува глобалното производство и трговија со житарици годинава да се намалат. Според прогнозите, светската трговија со житарици би можела да биде 3,5 проценти под рекордното ниво од сезоната 2025/26, со проценети 505,8 милиони тони.

Новите податоци покажуваат дека состојбата на глобалниот пазар на храна останува чувствителна на транспортните нарушувања, климатските услови и движењата на производството, што може да влијае и врз крајните потрошувачки цени доколку притисоците продолжат.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

31.10.2026

Паднаа цените на златото и среброто на светските пазари

31.10.2026

Колку пари се потребни за удобен живот во Европа?

31.10.2026

Милијарди евра на банкарските сметки: Што откриваат бројките за штедењето?

31.10.2026

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал и девет месеци од 2026 година

30.10.2026

Божиновска: Енергетската транзиција мора да донесе сигурност и нови можности за економски развој

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Се огласи претседателот на Иран – зборувал со Путин и постави услов кој ќе ги разбесни САД и Израел!

8 месеци ago

13-годишник тешко повреден откако со електричен тротинет удрил во паркиран автомобил

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.