понеделник, октомври 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Зеленски: Путин ќе ја засилува ескалацијата како што се приближуваат изборите во САД

by Redakcija
02.10.2026
in Свет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија би можела дополнително да ги засили нападите врз Украина со приближувањето на ноемвриските избори за Конгресот на САД.

Во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, Зеленски оцени дека Москва во последните недели ги интензивирала нападите врз Киев и дека, според неговата проценка, целта е да се создаде хаос и да се изврши притисок врз населението да го напушти главниот град.

„Тактиката на Путин е да го ескалира конфликтот што е можно повеќе, и тој ќе го стори тоа. Како што се приближуваат изборите за Конгресот на САД, тој ќе го прави тоа сè почесто“, изјави Зеленски.

Тој тврди дека во Киев секојдневно се регистрираат меѓу 300 и 500 напади, при што се гаѓаат и објекти кои не се воени и се наоѓаат далеку од линијата на фронтот.

Според Зеленски, целта на нападите е да се наруши нормалното функционирање на градот, односно луѓето да не можат да одат на работа, а децата да посетуваат училиште и градинка.

Украинскиот претседател ги спореди актуелните случувања со почетокот на руската инвазија во 2022 година, кога Киев беше една од главните цели на руската офанзива.

Во меѓувреме, Зеленски соопшти дека украинските сили продолжуваат со напади со долг дострел врз руски цели. Тој наведе дека во последните 24 часа биле погодени нафтени постројки во руските региони Самара и Волгоград, како и други објекти во повеќе руски региони.

Тој истакна дека украинските сили спровеле операции и во Црното Море, како и во регионите Воронеж, Нижни Новгород, Краснодар и други области.

Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни воздушни и напади со долг дострел, додека борбите продолжуваат и на фронтот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Финскиот претседател: Колку повеќе Русија се заканува, толку посилно ќе ја поддржуваме Украина

05.10.2026

Цените на гасот растат, зимата се ближи: Стигна важна најава за снабдувањето

05.10.2026
zelenski

ЕУ исплати нови 2,9 милијарди евра за Украина: Вкупната поддршка надмина 32 милијарди

05.10.2026

ВИДЕО | Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

04.10.2026

Германија ги подготвува пристаништата за воена логистика: Вежба во Хамбург, голема инвестиција во Бремерхафен

04.10.2026
Иран ја повика Франција да не употребува прекумерна сила врз учениците што протестираат

Иран ја повика Франција да не употребува прекумерна сила врз учениците што протестираат

04.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Идентификувани тројца осомничени за бруталната тепачка во Гостивар

2 месеци ago

Коњановски: Битола продолжува со поддршка за жртвите на семејно насилство

7 месеци ago

Популарни Вести

  • УЈП предупредува: Не отворајте линкови од лажни SMS пораки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Citroën ја враќа легендата: Новиот 2CV ќе биде еден од најевтините електрични автомобили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Task Force“ удри низ Македонија: 20 лица во полициски раце, запленета огромна количина дрога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еврото тоне: Падна на најниско ниво во последните 17 месеци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Финскиот претседател: Колку повеќе Русија се заканува, толку посилно ќе ја поддржуваме Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.