понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Коските на цар Самoил треба да се вратат на местото каде што беа пронајдени, жестоки реакции за договорот меѓу Бугарија и Грција

by Redakcija
03.10.2026
in Македонија

Размената на посмртните останки кои се поврзуваат со цар Самуил за артефакти од Првата светска војна што ѝ припаѓаат на Грција предизвика остри реакции во Бугарија и Грција.

Дел од бугарските интелектуалци и историчари сметаат дека случајот се користи за политички цели во пресрет на претседателските избори во земјата, предупредувајќи дека може дополнително да ги заостри односите меѓу Софија и Скопје.

Бугарскиот историчар Александар Стојанов оцени дека медиумската еуфорија околу враќањето на останките во Бугарија може да биде искористена за политички маркетинг.

Тој потсетува дека тезата оти Самуил бил погребан на островот Свети Ахил не претставува целосно потврдена историска вистина, туку хипотеза заснована врз толкување на археолошките наоди и историските извори.

Според Стојанов, сепак, тоа нема да ја спречи националистичката реторика во Бугарија и дополнителното вжештување на односите со Македонија.

Сличен став има и бугарскиот историчар и автор на документарниот филм „Островот на цар Самуил“, Горан Благоев. Тој прави разлика меѓу термините „враќање“ и „давање“ на останките.

Благоев го критикува начинот на кој се претставува договорот и смета дека, доколку аргументот е историски, останките би требало повторно да бидат погребани на местото каде што биле пронајдени – во базиликата „Свети Ахил“ на островот Свети Ахил во Преспанското Езеро.

Во меѓувреме, бугарскиот историчар д-р Кристијан Ковачев предупредува дека научната идентификација на останките како останки на цар Самуил сè уште не е целосно завршена.

Ковачев во интервју за Радио Благоевград посочил дека треба да се прави разлика меѓу националниот историски наратив и научните дискусии. Според него, додека не се направат дополнителни анализи, попрецизно е да се зборува за „наводните останки на цар Самуил“.

Критики пристигнуваат и од грчка страна. Дел од грчките археолози и јавни личности поставуваат прашање дали археолошки материјал пронајден на грчка територија воопшто треба да биде предмет на дипломатска размена.

Грчкиот археолог Михалис Лихунас јавно се спротивставил на договорот, оценувајќи дека археолошките наоди не треба да се третираат како предмети за размена меѓу држави.

Поранешниот грчки министер за култура Костас Џаварас, пак, договорот го оцени како „катастрофален“. Тој тврди дека археологот Николаос Муцопулос ги предал останките под услов тие да не бидат дадени на Бугарија додека не бидат вратени сите реликвии кои, според грчките тврдења, биле однесени од Грција.

Случајот повторно го отвори и прашањето за ископувањата на Муцопулос од 1967 година, кога во базиликата на островот Свети Ахил биле пронајдени останки кои подоцна биле поврзани со цар Самуил.

Критичарите од двете страни сега бараат поголема транспарентност околу договорот, научната идентификација на останките и начинот на кој е донесена одлуката за нивното префрлање во Бугарија.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

23.11.2026

Божиновска: Младите инженери имаат можност да учат, да напредуваат и да работат на важни проекти дома

23.11.2026

Средба Николоски -Зомер: Унапредување на економската соработка, инвестиции и туризмот

23.11.2026

Мицкоски со мерки за младите: Поевтини станови и полесен пат до сопствен дом

23.11.2026
Македонија

Добри вести за вработените: Во 2027 година нè очекуваат пет продолжени викенди

23.11.2026

Пред 2.700 години во Македонија живееле жени со висок општествен статус: Нивниот накит открива древни мистерии

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонија започна со победа во „Жолтиот Куп“

11 месеци ago

Меџити: По повеќе од пет децении ѝ го враќаме сјајот на Старата скопска чаршија

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум случаи на семејно насилство во Македонија: Четворица мажи приведени, меѓу нив двајца од Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Нова соларна централа од 40 киловати во ОУ „Св. Климент Охридски“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин: Крајот на војната зависи од Украина – Киев мора да ги прифати компромисите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп со жестоки обвинувања: „Сето ова е огромна измама!“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.