среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

МПЦ-ОА ги чествуваше македонските светители и 40 години служба на г.г. Стефан,

by Уредник
04.10.2026
in Македонија

Со света литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска беше одбележан Соборот на сите македонски светители. На богослужбата беше прославен и јубилејот на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан: 40 години од неговата епископска хиротонија.



Литургијата ја предводеше архиепископот Стефан, а со него сослужуваа архиереи на МПЦ-ОА. Во обраќањето тој се наврати на годините во кои црквата, како што рече, се соочувала со отфрлање и непризнавање. Истакна дека со трпение и истрајност ја бранеле вистината за Охридската архиепископија и за МПЦ-ОА како нејзина канонска наследничка.

Архиепископот изрази благодарност за мудроста и силата со кои биле надминувани искушенијата. Тој ја спомена и 2022 година како период во кој, според неговите зборови, црквата наишла на љубов и разбирање во православниот свет.

Дел од пораката го посвети на образованието и духовниот развој. Потсети дека стекнувањето знаење само по себе не значи и духовна образованост, а оцени дека веронауката треба да добие посоодветно место во образовниот процес.

Г.г. Стефан бил хиротонисан за епископ на 12 јули 1986 година во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје, како митрополит злетовско-струмички. За поглавар на МПЦ-ОА бил избран на 9 октомври 1999 година, а следниот ден бил востоличен како нејзин петти архиепископ.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

18.11.2026

Крај за рампите на патарините во Македонија?

18.11.2026

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

18.11.2026

Ноември може да донесе вистинска зима во Македонија: Се најавуваат студ и снег

18.11.2026

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување

18.11.2026

Мицкоски жестоко го осуди нападот врз девојка во Охрид: Сѐ ќе сторам сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Демант од ЈКП „Водовод“ – Битола: По интервенциите на водоводната мрежа улиците се враќаат во соодветна состојба

9 месеци ago
Генерација Бета ќе учи од робот-професори – каков свет ја чека новата генерација?

Генерација Бета ќе учи од робот-професори – каков свет ја чека новата генерација?

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Сакскобурготски со порака до Софија: Историјата да им се остави на историчарите, Македонија да влезе во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Повеќе извори на снабдување и посилна регионална соработка за енергетска безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола оддаде почит на борците од Првата егејска македонска ударна бригада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.