четврток, октомври 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Приведени 16 лица на повеќе локации: Пронајдени дрога и нож, меѓу приведените и одговорно лице во обложувалница

by Уредник
04.10.2026
in Црна Хроника
Приведени 16 лица на повеќе локации: Пронајдени дрога и нож, меѓу приведените и одговорно лице во обложувалница

Полицијата приведе 16 лица во Скопје, Тетово, Гостивар, Штип, Кавадарци и на граничниот премин Табановце во одделни случаи поврзани со пронајдена дрога. Меѓу приведените е и одговорно лице во спортска обложувалница, осомничено за овозможување употреба на опојни дроги.

На 3 и 4 октомври, на различни локации во Скопје, полициски службеници ги привеле Г.П. (21), С.Б. (37), М.Х.З. (39), С.М. (19) и 17-годишна девојка, сите од Скопје. Приведени се и М.И. (38) од Велес, Х.Д. (25) од Гостивар и Е.С.Е. (22) од Турција. Според МВР, при преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Во Тетово на 3 октомври, во 16:45 часот, на улицата „Киро Ристоски-Дрнц“ бил приведен Л.А. (36). Полицијата соопшти дека кај него нашла две пакувања кокаин и кујнски нож.

Истата вечер, во 22 часот, во спортска обложувалница на улицата „120“ во Тетово бил приведен К.А. (34), кај кого бил пронајден предмет со остатоци од кокаин. Во врска со случајот полицијата го привела и одговорното лице во објектот, С.Р. (62) од селото Челопек. Тој е осомничен за кривичното дело „овозможување употреба на опојни дроги“ според член 216 од Кривичниот законик.

Во Гостивар, на 4 октомври во 1:20 часот, на улицата „Иво Лола Рибар“ бил приведен С.А. (29), кај кого полицијата пронашла пакување кокаин. Во Штип, претходната вечер во 23:45 часот, биле приведени А.Ѓ. (22) и В.И. (24), двајцата од градот, откако при преглед кај нив биле пронајдени грутчеста материја и марихуана.

На граничниот премин Табановце, на влез во државата, на 3 октомври во 21:30 часот бил приведен Ј.М. (37) од Чешка. Марихуана била пронајдена во неговиот личен багаж во возило со чешки регистарски ознаки.

Во истото време во Кавадарци бил приведен и А.Г. (31) од градот, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. Акцијата ја спровеле полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово во координација со Регионалниот центар за гранични работи Југ.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на одделните случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

(ВИДЕО) СИ НАПРАВИЛ ПАТ КАЈ ШТО НЕМА: Скопјанец возеше по велосипедска патека, а снимката од ТИКТОК стигна до полицијата!

(ВИДЕО) СИ НАПРАВИЛ ПАТ КАЈ ШТО НЕМА: Скопјанец возеше по велосипедска патека, а снимката од ТИКТОК стигна до полицијата!

29.10.2026
ОТКРИЕНИ ИМИЊАТА: Ден Дончев меѓу деветте лица опфатени со истрагата – на удар газди и директори на болницата „САНТЕ“!

ОТКРИЕНИ ИМИЊАТА: Ден Дончев меѓу деветте лица опфатени со истрагата – на удар газди и директори на болницата „САНТЕ“!

29.10.2026

Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

28.10.2026

Примиле пари од Германија, а не ги пријавиле – Кривични пријави против мајка и син

28.10.2026

Дали жртвите биле нападнати поради пари? Се истражуваат случаите во Ѓорче Петров

28.10.2026

Контрола во фирма за канабис открила нешто што не можело да се покрие со документи

28.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

kicevo

Јубилејната 100-та изведба на „Кец на десетка“ го означува стартот на „Кичево – Град на културата 2026“

8 месеци ago

Обид за убиство пред малку во Скопје

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Без струја утре делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекини на струјата во Тетово, Челопек, Мерово и Прељубиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хеликоптер на ЕУФОР пред малку се урна во близина на Брчко – три лица загинаа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: ЕСМ нуди пониски цени на струјата, попустот на ОКТА останува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Хаос во албанскиот парламент: Опозициски пратеници запалија факели и фрлаа шишиња кон Рама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.