среда, октомври 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ТРЧА МАРАТОН: Затворени улици од Рекорд до Хром и Аеродром, посебен сообраќаен режим до 14 часот

by Уредник
04.10.2026
in Скопје, Спорт

Во Скопје денеска се одржува 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, со рекордни 15.050 пријавени учесници од 63 земји. Поради трките, од 06:00 до 14:00 часот дел од улиците и булеварите по трасата се затворени за сообраќај, а возилата се пренасочуваат по алтернативни правци.

Посебниот режим го опфаќа потегот од Рекорд, по улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ кон Хром.

Ограничувања има и на делови од улицата „11 Октомври“, од Собранието кон Црвен крст, како и на булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“ во насока кон Американ колеџ. Во Аеродром, изменет режим важи на потезите кон Воен базен и Мајчин дом, како и по булеварот „Јане Сандански“ до крстосницата со булеварот „Србија“.

Пренасочувањето се приспособува на движењето на тркачите. Од МВР апелираат возачите да ги избегнуваат овие сообраќајници до 14:00 часот и да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен.

Маратонот, полумаратонот и штафетната трка „ЕУ за спорт“ стартуваа во 08:05 часот кај Рекорд, во насока кон Хром. Трката на пет километри почна во 08:00 часот во близина на Црвен крст, во насока кон Аеродром. Финишот на сите трки е на плоштадот „Македонија“.

Во маратонската трка се пријавени околу 800 натпреварувачи, меѓу кои и минатогодишниот победник Дарио Ивановски, додека полумаратонот има околу 3.000 пријавени тркачи. Во организацијата учествуваат и околу 500 волонтери.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

4 локации во Скопје без струја во четврток – проверете дали сте на списокот

07.10.2026

Меси во солзи го одигра последниот меч за Аргентина: Крај на една ера

07.10.2026

Утре дел од Скопје без струја – проверете дали е вашата улица на списокот

06.10.2026

Утре дел од Карпош ќе биде без струја, прекинот ќе трае повеќе од четири часа

05.10.2026

Меџити: Секој ден на терен, ги слушаме потребите на граѓаните и ги претвораме во проекти

03.10.2026

„Битола, благодарам!“: Таневски испрати порака по натпреварот на младата репрезентација

02.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Македонски полицајци ќе патролираат на албанското крајбрежје

4 месеци ago

Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Хари Потер се враќа со нови приказни: Две книги пристигнуваат во февруари 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 4 локации во Скопје без струја во четврток – проверете дали сте на списокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во четврток без струја голем дел од Тетово и Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • К-15 мора да се исплати до крајот на декември: Ова е минималниот износ за 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција низ цела Македонија: 34 возила за јавен превоз веднаш исклучени од сообраќај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.