вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Не мора да правите 10.000 чекори: Истражување откри колку одење е поврзано со подолг живот

by Redakcija
05.10.2026
in Магазин

Пешачењето може да биде едно од наједноставните нешта што можете да ги направите за подобро здравје, а ново истражување покажува дека не е важен само бројот на чекори – значајно е и колку брзо се движите.

Истражувачите анализирале податоци од 64.743 возрасни лица во Велика Британија, со просечна возраст од 62 години. Учесниците една недела носеле уреди на зглобот кои го регистрирале бројот на чекори и темпото на движење.

Во периодот на следење од околу осум години биле регистрирани 1.697 смртни случаи, од кои 502 биле поврзани со кардиоваскуларни заболувања.

Истражувачите ги поделиле учесниците во четири групи според дневниот број на чекори: помалку од 5.000, од 5.000 до 7.500, од 7.500 до 10.000 и повеќе од 10.000 чекори.

Но, покрај бројот на чекори, особено внимание било посветено на брзината на одење.

Брзото одење може да направи голема разлика

За споредба била земена група која правела помалку од 5.000 чекори дневно и во најактивните 30 минути од денот одела со просечно темпо од 45 чекори во минута.

Интересно е што луѓето кои правеле исто така помалку од 5.000 чекори, но се движеле со побрзо темпо, имале значително помал ризик од смрт во споредба со референтната група.

Нивниот ризик бил сличен на оној кај луѓето кои правеле меѓу 5.000 и 7.500 чекори дневно, но оделе со поспоро темпо.

Колку чекори се покажале како најповолни?

Најниска стапка на смртност била забележана кај учесниците кои правеле меѓу 7.500 и 10.000 чекори дневно.

Авторите на истражувањето како практична цел за долговечност издвојуваат и 30 минути пешачење со темпо од околу 90 до 100 чекори во минута.

Тоа значи дека за здравствени придобивки не мора секој човек да се оптоварува со достигнување на магичната граница од 10.000 чекори. Комбинацијата од доволен број чекори и побрзо темпо може да биде значајна.

Истражувачите сепак нагласуваат дека и за луѓето кои имаат ограничено време или физички пречки, различни комбинации на бројот на чекори и брзината на одење можат да бидат корисни.

Истражувањето е објавено на 8 септември 2026 година во „British Journal of Sports Medicine“.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Дали јаболкото е подобро да се јаде наутро или навечер? Еве што велат експертите

23.11.2026

Куче херој спаси девојче од давење во базен: Снимката го обиколи светот (ВИДЕО)

23.11.2026

Кинески автомобил забранет во цела ЕУ: Премногу личи на „Ленд Ровер Дефендер“, казните достигнуваат 10 милиони евра

23.11.2026

Големо телевизиско враќање: Димитар Атанасовски со ново шоу на Телма – „Нека биде наше“

23.11.2026

Како да препознаете измама за Black Friday? Овие трикови можат да ве чинат многу пари

23.11.2026
Хороскоп

Хороскоп за 23 ноември: Финансиски можности за Биковите, неочекувани трошоци за Лавовите, а три знаци ги очекуваат важни одлуки за пари

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Возел 178 км/ч на патот Штип–Радовиш: Полицијата во акција

8 месеци ago

Општина Брвеница презема мерки за заштита на граѓаните – следува прскање против комарци

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Да ги охрабриме младите жени да преземаат раководни позиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали јаболкото е подобро да се јаде наутро или навечер? Еве што велат експертите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куче херој спаси девојче од давење во базен: Снимката го обиколи светот (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинески автомобил забранет во цела ЕУ: Премногу личи на „Ленд Ровер Дефендер“, казните достигнуваат 10 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Ако се обидат да ме уапсат, ќе штрајкувам со глад – милион луѓе ќе излезат на улиците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.