сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Со координирано следење до подобра животна средина во Битола

by Redakcija
07.10.2026
in Република

На иницијатива на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се одржа првата седница на Координативното тело за следење на имплементацијата на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) на Општина Битола.

Координативното тело е формирано на 7 јули со одлука на Советот на Општина Битола, а неговата задача е континуирано и координирано следење на реализацијата на мерките и активностите предвидени во ЛЕАП.

Во составот на телото има 11 членови, меѓу кои градоначалникот, претставници на општинската администрација, советници во Советот на Општина Битола, директори на јавни претпријатија и претставници на граѓански здруженија. Со ваквиот состав се овозможува поврзување на различните надлежности и заедничко дејствување во спроведувањето на локалните политики за заштита на животната средина.

На првата седница членовите беа запознаени со надлежностите и задачите на координативното тело, по што беше презентиран Локалниот еколошки акционен план на Општина Битола за периодот 2024-2030 година и досегашниот степен на реализација на предвидените мерки и активности.

Разгледан беше и предлогот за организација и начинот на понатамошното функционирање на координативното тело, со цел редовно следење на напредокот, размена на информации и навремено идентификување на предизвиците.

ЛЕАП претставува стратешка рамка за заштита и унапредување на животната средина и здравјето на граѓаните во областите што се во надлежност на локалната самоуправа. Во него се опфатени повеќе значајни еколошки предизвици, меѓу кои управувањето со отпадот, дивите депонии, квалитетот на амбиенталниот воздух и заштитата на природата.

Градоначалникот Коњановски истакна дека донесувањето на ЛЕАП е само почетна основа, додека неговата вистинска вредност се гледа преку реализацијата на мерките и постигнувањето конкретни резултати.

„Нашата заедничка задача е ЛЕАП да го претвориме од стратешки документ во конкретни резултати. Само преку континуирано следење, одговорност и добра координација можеме да постигнеме реални подобрувања во животната средина и квалитетот на живот во Општина Битола“, истакна Коњановски.

Преку работата на координативното тело ќе се следи реализацијата на планираните активности, ќе се утврдуваат евентуалните проблеми и ќе се предлагаат мерки за нивно надминување, со цел активностите од ЛЕАП да се преточат во конкретни и видливи резултати за Битола и нејзините граѓани.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

31.10.2026

Тоневски од Пробиштип: Рударството и екологијата мора да одат рака под рака

31.10.2026

Брвеница утре избира градоначалник: Денеска гласаат болните и изнемоштените

31.10.2026

Коњановски: „Камера 300“ го чува наследството на браќата Манаки и ги носи животните приказни на големото платно

31.10.2026

ВИДЕО – Проданоски: Нови улици, водоводи и спортска сала – инвестираме во развојот на Прилеп

30.10.2026

Коњановски: 180 проекти ја одбележаа првата година од мандатот, инвестираме во инфраструктура, училишта и градинки

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Убав почеток на неделата: Температури до 25°C

6 месеци ago
(ВИДЕО) Тепачка на скопскиот аеродром: Група лица се пресметувале пред патниците

(ВИДЕО) Тепачка на скопскиот аеродром: Група лица се пресметувале пред патниците

1 месец ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.