сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови

by Redakcija
08.10.2026
in Економија, Топ Вести

8 октомври 2026, Скопје – Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот на годината, но и потврда дека јавните финансии ги управуваме одговорно и со јасни приоритети. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција на којашто го претстави Предлогот за измени и дополнување на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен вчера од Владата. 

„Во изминатиот период глобалната криза донесе нови предизвици, особено преку растот на цените на енергенсите и зголемените ценовни притисоци.
Кога во јуни го подготвувавме првиот ребаланс, проценките беа дека состојбата на меѓународните пазари постепено ќе се стабилизира. Во меѓувреме, за жал, се случи спротивното. Геополитичката криза се продлабочи, цените на енергенсите продолжија да растат, а Владата реагираше со конкретни мерки за да го ублажи ударот врз граѓаните и економијата. Потврда дека мерките се наврeмени и добро одмерени е тоа што инфлацијата е стабилизирана  што значи дека нема прелевање на високите цени на нафтата врз останатите производи и услуги“, рече министерката.

Таа додаде дека намалувањето на акцизите на горивата и намалувањето на ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти имаат една јасна цел да се заштити животниот стандард на граѓаните и да се помогнат на компаниите полесно да се справат со ценовниот шок, но дека тие мерки имаа директен ефект и врз буџетските приходи. Тоа, според  министерката, е причината за вториот ребаланс со цел да се усогласат приходите и расходите со реланите економски текови и да се обезбеди стабилно функционирање на Буџетот до крајот на годината. 

„Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста на Буџетот. Тој е одговор на променетите економски услови, со непроменет приоритет – заштита на граѓаните, исполнување на законските обврски, одржување на економската активност и фискална дисциплина“, потенцира Димитриеска-Кочоска. 

Претставувајќи ги измените рече дека вкупните приходи се на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. При тоа напомена дека намалувањете во најголем дел е резултат на променетите услови на пазарот на енергенси и мерките што ги презедовме за заштита на граѓаните и економијата.

„Остварувањето на приходите во текот на годината покажува позитивна динамика. 

Кај даночните приходи, со ребалансот е направена умерена корекција  од 213,3 на 209,8 милијарди денари, односно намалување од 1,6 %. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Причината е намалувањето на акцизите на бензините и дизелот, мерка со која директно го ублажуваме влијанието од растот на цените на нафтените деривати врз граѓаните и компаниите. Тоа значи помал приход за Буџетот, но истовремено и директна поддршка за граѓаните и економијата“, рече министерката. 

Со Ребалансот кај неданочните приходи и донации, се предвидува намалување за околу 2 милијарди денари, додека кај останатите даночни приходи – данокот на личен доход, данокот на добивка, ДДВ-то и царинските приходи очекувањата остануваат стабилни и во рамки на планираните износи.

Министерката потенцира дека на расходната страна со Ребалансот се пристапува  одговорно и дисциплинирано. Вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари, што е намалување за 5,3 милјарди денари во однос на претходните проекции. При тоа намалувања има во ставките за стоки и услуги и субвенции, како резултат на дисциплинирано и поефикасно трошење. Дополнителни средства се обезбедени за најранливите категории граѓани и за здравствените услуги. 

„Ги намалуваме расходите таму каде што реализацијата е послаба или каде што не станува збор за највисоки приоритети. Но, не штедиме на она што е најважно.

Обезбедуваме средства за социјално ранливите категории и здравствените услуги“, рече министерката за финансии.

За капиталните расходи, посочи дека се прави корекција од околу 5,7 милијарди денари, пред сè поради пролонгирање на динамиката на реализација на одредени капитални проекти, но дека тоа  не значи откажување од капиталните инвестиции.Продолжуваат вложувања во одбраната, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура. Особено важно, наведе министерката,  е што продолжува и финансиската поддршка за општините и капиталните инфраструктурни проекти на локално ниво, како дел од политиката за рамномерен регионален развој.

Со Ребалансот на Буџетот, како што рече Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата, проекцијата за економскиот раст останува непроменет на 3,5%, како и нивото на буџетскиот дефицит којшто се задржува на ниво од 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП.

….

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

31.10.2026

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

31.10.2026

Тоневски од Пробиштип: Рударството и екологијата мора да одат рака под рака

31.10.2026

Паднаа цените на златото и среброто на светските пазари

31.10.2026

Колку пари се потребни за удобен живот во Европа?

31.10.2026

Милијарди евра на банкарските сметки: Што откриваат бројките за штедењето?

31.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Паметна обука за преработка на млеко и месо: Нов европски проект во вредност од 500 илјади евра

Паметна обука за преработка на млеко и месо: Нов европски проект во вредност од 500 илјади евра

6 месеци ago

Пустец заборавен од инвестициите – Жителите бараат подобри патишта

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.