сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Криза во турските инвестициски фондови: Ердоган најави жестока акција

by Redakcija
08.10.2026
in Балкан

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган порача дека државата ќе ги преземе сите неопходни мерки за справување со кризата што ги зафати инвестициските фондови во Турција.

Ердоган оцени дека турските пазари на капитал ќе успеат да ја надминат актуелната нестабилност, но притоа, како што рече, пазарот мора да се „исчисти од алчните паразити“.

„Покренуваме неопходни административни и правни постапки за да обезбедиме исплата на заштедите на нашите граѓани што е можно поскоро, без притоа да се оптовари јавниот буџет“, изјави турскиот претседател.

Тој нагласи дека надлежните институции ќе ја понесат правната и политичката одговорност за случајот, додавајќи дека никој што ги загрозил правата на граѓаните нема да остане неказнет.

Кризата ескалираше минатиот месец, кога турските финансиски регулатори наредија ликвидација на повеќе од 130 инвестициски фондови управувани од седум компании за управување со имот. Одлуката уследи по предупредувањата дека компаниите повеќе не се во можност да ги исплаќаат средствата на инвеститорите.

Вредноста на фондовите опфатени со ликвидацијата во изминатите три години надминала 20 милијарди долари, а според надлежните институции, кризата погодила речиси половина милион инвеститори.

Во меѓувреме, продолжува истрагата за можни манипулации со пазарот на акции и инвестициски фондови. Турскиот министер за правда Акин Ѓурлек соопшти дека досега се уапсени 85 лица осомничени за вмешаност во случајот.

За следење на ликвидацијата е формиран Комитет за координација на фондовите, предводен од потпретседателот Џевдет Јилмаз. Државниот надзорен совет, пак, треба да ги испита околностите и евентуалните пропусти што довеле до кризата.

„Нема да замижиме пред ниту еден, па и најмал пропуст, ниту пред какво било кршење на законите и прописите“, порача Ердоган.

Случајот доби и политичка димензија откако Фатма Бетуљ Сајан Каја поднесе оставка од функцијата заменик-претседателка на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Оставката уследи по обвинувања дека таа и нејзиниот сопруг оствариле значителни профити преку тргување со акции непосредно пред избувнувањето на кризата.

Турското Министерство за правда потврди дека двајцата треба да дадат исказ како осомничени пред надлежната единица за истрага на финансиски криминал и перење пари при Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул.

Ердоган порача дека финансискиот систем на Турција, и покрај актуелната криза, треба од оваа ситуација да излезе постабилен, а пазарите на капитал да бидат заштитени од злоупотреби на штета на малите инвеститори.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

vucic

СНС без претседателски кандидат: Вучиќ им порача на студентите да се натпреваруваат сами

31.10.2026

Молотови коктели, солзавец и водени топови: Ескалирале судирите во Тирана

31.10.2026

Брнабиќ најави нови избори во Србија, па им порача на студентите: „Разрешувајте според закон, а не од парк“

30.10.2026

Архивите на УДБА и ЈНА пред европските преговори: Што бара Јанша од Србија?

30.10.2026

Полицијата влезе во две институции во Србија: Што се случува со државната документација?

30.10.2026

Туристички бум во Туркије: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Апсење во тетовско казино – МВР со детали

4 месеци ago

ВИДЕО: Сте го виделе до сега како игра Али Ахмети?

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.