сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Грабеж тежок пет милиони евра: Од италијанска винарија исчезнале 30.000 шишиња

by Redakcija
10.10.2026
in Магазин

Околу 30.000 шишиња вино, проценети на пет милиони евра, биле украдени од магацин на познатата италијанска винарија „Маркиези Антинори“ во Тоскана, објавуваат италијанските медиуми.

Кражбата се случила во сабота, додека компанијата подготвувала пратка за клиенти во странство. Се верува дека во неа учествувале најмалку седум маскирани лица, кои ги деактивирале алармите и ги исклучиле безбедносните камери.

Според објавените информации, крадците ги користеле виљушкарите на винаријата за да натоварат два големи камиона. Меѓу украдените вина биле „Тињанело“, „Солаја“ и „Гуадо ал Тасо“, чии цени обично се движат од 150 до 500 евра за шише.

Извршниот директор Ренцо Котарела за „Кориере дела Сера“ оценил дека станува збор за најголемата кражба од ваков вид во Италија. Тој изразил надеж дека камерите на патиштата во Тоскана ќе помогнат во пронаоѓањето на камионите и враќањето барем дел од украдената стока.

Од компанијата се сомневаат дека сторителите биле познавачи на виното и располагале со внатрешни информации, судејќи според изборот на шишињата што ги однеле.

Кражбата била откриена во понеделник наутро, кога вработените дошле на работа. Според објавените информации, засега нема уапсени.

„Маркиези Антинори“, основана во 1385 година, е една од најголемите семејни винарии во Италија. Извезува во 170 земји, а минатата година остварила приходи од 263 милиони евра.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Турците имаат посебен метод за перење крпи: Со него стануваат меки и изгледаат како нови

31.10.2026

Британците го избраа за најдобар половен автомобил: Што треба да знаат македонските купувачи за „Хјундаи јоник 5“?

31.10.2026

Може ли да се врати подарен стан? Кога родителите можат да побараат правна заштита

31.10.2026

Нов услов за патување кон Америка: Што треба да знаете пред да тргнете на аеродром?

30.10.2026

Пари што ги отпишале повторно се во игра: Финансиски хороскоп за 30 октомври

30.10.2026
НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ: Нова вакцина го намалува ризикот од враќање на болеста за 42 %

НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ: Нова вакцина го намалува ризикот од враќање на болеста за 42 %

29.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Американска воена стратегија: аналитичари предупредуваат на нова фаза на конфликтот со Иран

7 месеци ago

Проданоски: Карпалак никогаш нема да биде заборавен

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски од Пробиштип: Рударството и екологијата мора да одат рака под рака

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СНС без претседателски кандидат: Вучиќ им порача на студентите да се натпреваруваат сами

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подгответе ги чадорите: Недела и понеделник ќе поминат во знакот на дождот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднаа цените на златото и среброто на светските пазари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.