понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ВЛЕН: Нулта толеранција за насилството, без компромис со законот

by Redakcija
10.10.2026
in Македонија

ВЛЕН бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади од Сарај кои пријавиле малтретирање од полициски службеници и одговорност доколку истрагата утврди пречекорување на овластувањата или прекршување на законот.

Од партијата изразуваат длабока загриженост за случајот и сочувство со младите и нивните семејства, нагласувајќи дека секој граѓанин заслужува соодветен третман, заштита и правда.

„Насилството не може да се оправда со униформа, а секое пречекорување на овластувањата и секое прекршување на законот мора да добие соодветен одговор“, порачуваат од ВЛЕН.

Оттаму наведуваат дека како албанска политичка партија во власта активно се интересирале за случајот и го следеле неговиот развој. Доколку се утврди дека полициските службеници ги пречекориле овластувањата, бараат тие да одговараат во согласност со законот.

ВЛЕН го поздравува тоа што случајот е предмет на истрага од надлежните механизми за внатрешна контрола и бара постапката да се води сериозно, непристрасно и транспарентно. Партијата го повикува и Обвинителството да ги преземе сите неопходни законски дејства врз основа на доказите и наодите од истрагата.

Во соопштението, ВЛЕН ја обвинува опозицијата дека се обидува на случајот да му даде националистички призвук и да го искористи за поттикнување меѓуетнички тензии. Според информациите на кои се повикува партијата, полициските службеници осомничени за вмешаност припаѓаат на три различни етнички заедници.

Од ВЛЕН нагласуваат дека одговорноста треба да се утврдува врз основа на фактите, доказите и конкретните постапки на секое лице, а не според етничката припадност.

„Правата на граѓаните, човечкото достоинство и спроведувањето на законот немаат етничка припадност“, велат од партијата, осудувајќи ја секоја форма на насилство, како и обидите случајот да се искористи за поттикнување омраза и поделби.

ВЛЕН порачува дека двајцата млади и нивните семејства заслужуваат вистината да биде утврдена и правдата да биде задоволена. Според партијата, случајот бара институционална одговорност и почитување на законот.

„Истрагата мора да оди до крај. Вистината мора да се расветли и, доколку се утврдат прекршувања, одговорните мора да понесат одговорност, без исклучоци и без разлики“, се наведува во соопштението.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

09.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ, бугарската блокада создава лош преседан

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Модернизација на АРМ: Пристигнаа првите „страјкер“ оклопни возила од САД

Модернизација на АРМ: Пристигнаа првите „страјкер“ оклопни возила од САД

8 месеци ago

(ВИДЕО) Детали за терористичкиот напад во Чешка: Левичарски екстремисти запалија фабрика што ја снабдува Украина

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Германците го избраа автомобилот на годината: Се истакна и меѓу луксузните фаворити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалете ги сметките за греење со овој трик: Радијаторите ќе греат посилно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од пет скопски општини: Најдолгиот прекин ќе трае седум и пол часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.