понеделник, ноември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора и нејзиното геостратешкото значење ќе биде поголемо

by Redakcija
12.10.2026
in Македонија

–  Првите индикатори за работата на оваа Влада по 27-28 месеци посветена работа резултира со бројни проекти и консолидирање во услови кога ја затекнавме државата која што беше упатена директно кон амбисот и во услови кога светот се соочува со епски најголема енергетска криза што човештвото ја памети, нагласи Мицкоски.

По 10 години од проектирањето денеска официјално почна изградбата на автопатската делница од Букојчани до Кичево. Таа е дел од Коридорот 8 и ќе ги поврзува автопатот од Кичево до Охрид и од Тетово преку Гостивар до Букојчани.

Автопатот ќе има две сообраќајни ленти и една лента за застанување во двете насоки, а брзината на движење ќе биде од 110 до 130 километри на час. На автопатската делница ќе има пет мостови, еден тунел, два вијадукти и две клучки. Планирано е да се изгради за четири години.

Финансиските средства се обезбедени преку ЕБОР во висина од 119 милиони евра, а дополнително 20 милиони евра се грант од Европската унија и 300 илјади евра се обезбедени преку Фондот на Европската унија за Западен Балкан.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој се обрати на официјалниот почеток на изградбата, рече дека со оваа автопатска делница целиот проект добива смисла затоа што автопатски Скопје се поврзува со Охрид.

– Политиката на оваа Влада кога беше избрана во 2024 година беше да ја направи земјата раскрсница која што ќе се темели на четири столба. Тогаш почнавме со три столба но некако како одминуваше времето таа наша цел и тој предизвик го проширивме и денеска зборуваме за четири столба. Тоа е да бидеме раскрсница на два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10 во смисла на патна инфраструктура, железничката инфраструктура, енергетската инфраструктура и гасната инфраструктура.
​На тој начин, геостратешкото значење на земјата станува навистина нешто кое што претставува поголема моќност за сите граѓани, но претставува и предуслов да се развиваат современи индустрии, а државата добива навистина нешто поголемо, голема додадена вредност кога станува збор со споредбата и компарацијата со годините во во минатото, рече Мицкоски во обраќањето.

По 27 месеци од доаѓањето на Владата, рече Мицкоски, се појавуваат и првите индикатори кои покажуваат дека државата се движи во вистинска насока.

–  Првите индикатори за работата на оваа Влада по 27-28 месеци посветена работа резултира со бројни проекти и консолидирање во услови кога ја затекнавме државата која што беше упатена директно кон амбисот и во услови кога светот се соочува со епски најголема енергетска криза што човештвото ја памети, нагласи Мицкоски.

Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, се работи за планински терен, тежок и предизвикувачки, но се надева дека избраните компании од надзорот и изведбата успешно ќе ја завршат работата во предвидениот рок од четири години.

– Ние решивме државата да ја развиваме како раскрсница на двата паневропски коридора. Македонија нема излез на море но, има уникатна географска локација која со силни инвестиции во автопатите и железницата треба да значи економски напредок за бројни генерации кои доаѓаат после нас, а исто така треба да значи и политичка стабилност затоа што со јасното геостратешко позиционирање на Македонија како раскрсница на Балканот политичката стабилност оди рака под рака, порача Николоски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски рече дека интензивно се работело две ипол години.

– Не зборуваме за планови, почнуваме со изградба на 11,5 километри. Следната година ќе го пуштиме автопатот Кичево – Охрид, а интензивно се работи и на автопатот Тетово-Гостивар така што денеска го пуштаме делот којшто недостига односно делот којшто ќе ги поврзува овие автопатски делниви. Тоа ќе биде современ автопат без патарини така што од Скопје за Охрид се надеваме дека ќе патуваме за помалку од еден и половина, рече Трајановски.

Во однос на експропријацијата, Трајановски информираше дека требало да се изврши експропријација на околу 1000 катастерски парцели од кои завршени се 97 проценти.

..

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Сајбербезбедноста е нераздвоен дел од енергетската и националната безбедност

02.11.2026
Дожд и заладување во Македонија: УХМР најавува обилни врнежи, еве какво време нè очекува денеска

УХМР: Дожд до вторник, локално се очекуваат над 60 литри на квадратен метар

02.11.2026
Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика – ДУИ слави, Ахмети и Таравари на прославата

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика – ДУИ слави, Ахмети и Таравари на прославата

01.11.2026
Брвеница со зголемена излезност: До 18:30 часот гласале 8.595 граѓани – одѕивот достигна 52,90 отсто!

Брвеница со зголемена излезност: До 18:30 часот гласале 8.595 граѓани – одѕивот достигна 52,90 отсто!

01.11.2026
ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЛЕЧЕНИ ОД АЛТА БАНКА ЗА ЕДЕН ДЕН: Славески најавува ограничувања до три месеци – што ќе се случува со парите на граѓаните?

ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЛЕЧЕНИ ОД АЛТА БАНКА ЗА ЕДЕН ДЕН: Славески најавува ограничувања до три месеци – што ќе се случува со парите на граѓаните?

01.11.2026
Брвеница со зголемена излезност: До 13 часот гласале 4.518 граѓани – за 7,31 % повеќе од првиот круг!

Брвеница со зголемена излезност: До 13 часот гласале 4.518 граѓани – за 7,31 % повеќе од првиот круг!

01.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Србија се бори со нов вирус: Над 9.000 заболени, најмногу погодени децата и постарите

9 месеци ago
ФИФА повлекува 2.000 хотелски резервации во неколку американски градови пред Мундијалот

ФИФА повлекува 2.000 хотелски резервации во неколку американски градови пред Мундијалот

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Сајбербезбедноста е нераздвоен дел од енергетската и националната безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинески SUV со нула ѕвезди: Загрижувачки резултати за заштитата на патниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гуми, пластика и текстил на езерското дно: Нуркачи го чистеа Охридското Езеро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе го плати буџетскиот товар? Белгиската коалиција заглави, премиерот поднел оставка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УХМР: Дожд до вторник, локално се очекуваат над 60 литри на квадратен метар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.