среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

МНР реагира за приемот на Ива Михајлова во Софија: Државјанството не смее да биде заштита од судска одговорност

by Redakcija
12.10.2026
in Македонија, Топ Вести

Во врска со бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија укажува дека ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи.

Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите.

Од Република Бугарија, како членка на Европската Унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи: почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот. Постапките што создаваат впечаток на институционална заштита од судска одговорност се неспоиви со тие принципи. Владеењето на правото не смее да биде селективно, ниту да зависи од националната припадност на поединецот.

За развојот на случајот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе ги информира меѓународните партнери, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа. Ваквите постапки, за кои постојат и претходни примери, директно ја нарушуваат довербата меѓу двете држави и отвораат сериозни прашања за доследноста во почитувањето на заедничките европски вредности.

Остануваме посветени на развојот на добрососедските односи, засновани врз меѓусебно почитување, доверба и европски принципи. Истата одговорност ја очекуваме и од бугарската страна.

Почитувањето на правдата не е прашање на политички избор, туку основна европска обврска.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Божиновска: Македонија дел од светските разговори за климатските промени и енергетската транзиција

11.11.2026

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

11.11.2026

Комерцијална банка со 4,2 милијарди денари добивка пред оданочување, за 1,1% помалку од лани

11.11.2026

ВЛЕН: Остануваме посветени на исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните

10.11.2026

„Безбеден град“ со нови контроли: Казни ќе добиваат и возачите кои го прават овој прекршок

10.11.2026

Зимската опрема станува задолжителна: Еве од кога возачите ризикуваат казна од 45 евра

10.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Дел од Тетово и Брвеница утре ќе бидат без струја

8 месеци ago
(ВИДЕО) ПЕКОЛНА ЗАСЕДА:  Украински војник сними жестоки борби во тесени ровови при расчистување на руска позиција

(ВИДЕО) ПЕКОЛНА ЗАСЕДА:  Украински војник сними жестоки борби во тесени ровови при расчистување на руска позиција

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Египет стави 35 организации на терористичка листа, меѓу нив и здружение наведено како организација од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Македонија дел од светските разговори за климатските промени и енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Србија од 1 јануари се зголемува старосната граница за пензионирање на жените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.