Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 денеска во 15:34 часот бил регистриран во југозападниот дел на Македонија, според податоци од апликации за следење сеизмичка активност.
Епицентарот бил во близина на Љубаништа, кај брегот на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица. Според истите податоци, потресот се случил на длабочина од 15 километри.
Засега нема информации за пријавена материјална штета.

…











