Вкупно 92 лица од категориите болни и немоќни и гласачи во затвор или притвор досега го оствариле избирачкото право за Општина Брвеница, според информациите од Државната изборна комисија.
Гласањето започнало утрово во 7 часот и се одвива непречено. Од ДИК информираат дека не се пријавени проблеми или потешкотии при спроведувањето на гласањето и остварувањето на избирачкото право.
Од 88 пријавени болни и немоќни лица, гласале 85 граѓани.
Во Избирачкиот список се запишани и девет гласачи што се на издржување затворска казна или се во притвор. Од нив, според досегашните податоци, гласале седум лица.
Гласањето за оваа категорија избирачи се спроведува во три казнено-поправни установи во државата, во Скопје, Штип и Тетово.











