среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, разликата со СДСМ е над 4 спрема 1

by Redakcija
19.10.2026
in Македонија
ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа во првиот круг од локалните избори во Брвеница, изјави вечерва премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, оценувајќи дека резултатот претставува потврда за поддршката на граѓаните за политиките на партијата и Владата.

Мицкоски оцени дека резултатот претставува важна политичка порака и потврда за поддршката на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Владата.

-Иако само пред неколку дена раководството на СДСМ најавуваше убедлива победа во Брвеница, сепак СДСМ е декласиран од граѓаните и тоа е важна порака од граѓаните до нивното раководство, изјави Мицкоски.

Според анализите што ги презентираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, второто место го освоил кандидатот на ДУИ со нешто повеќе од 2.100 гласа, трет е кандидатот на ВЛЕН, додека четврти е кандидатот на СДСМ. Независниот кандидат поддржан од Левица, според Мицкоски, освоил околу 50 гласа.

Тој посочи дека поради учеството на повеќе кандидати, најверојатно ќе има втор круг на гласање, кој е закажан за 1 ноември.

Мицкоски им се заблагодари на граѓаните што го оствариле своето право на глас, како и на сите учесници во организацијата и спроведувањето на изборниот процес. Тој нагласи дека волјата на граѓаните мора да се почитува и дека победата носи и голема одговорност.

-Владата ќе продолжи да вложува во развојот на општините. Во патишта, водоводи, училишта, комунална инфраструктура и во создавање подобри услови за живот. Тоа важи и, се разбира, за Брвеница, порача премиерот.

Тој најави дека партијата ќе побара поддршка од сите граѓани на Брвеница во вториот круг, со ветување за нови инвестиции, подобра инфраструктура, решавање на комуналните проблеми и создавање повеќе можности за младите.

Мицкоски истакна дека идниот градоначалник треба да работи за сите граѓани, независно од нивната национална припадност, верска определба или политичка ориентација.

-Победата е огромна, но и нашите обврски за оваа општина се огромни. Со конкретни проекти, со одговорност, со почит кон секој човек. За една Брвеница за сите, порача Мицкоски.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Нови казни преку „Безбеден град“ до крајот на годината: Еве кои возачи ќе бидат на удар

11.11.2026

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон државата

11.11.2026

Ви стигна порака за казна од „Безбеден град“? МВР предупредува, еве како да препознаете измама

11.11.2026

Почистиот воздух во спалната соба може да помогне за постабилен шеќер во крвта

11.11.2026

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

11.11.2026

ВЛЕН: Остануваме посветени на исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните

10.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Американски патник тестиран позитивно на хантавирус, француски патник развил симптоми за време на лет

Сите тестирани лица на хантавирус во Франција се негативни

6 месеци ago
Митреска: Банкарскиот систем е поотпорен, но растот на кредити бара внимателно следење на ризиците

Митреска: Банкарскиот систем е поотпорен, но растот на кредити бара внимателно следење на ризиците

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Со специјален уред краделе струја: Откриена измама тешка 2,7 милиони денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сакал да купи „Ауди А5“ од Германија, останал без автомобил и без 6.800 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наместо да ги плати казните, доставил фалсификувани уплатници – кривична за 20-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американците полудеа по десертот што кај нас беше хит во 80-тите години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е најстрашниот хорор-негативец?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.