понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Планирана инвестиција од 180 милиони денари за целосна реконструкција на салата „Македонија“ во Прилеп

by Redakcija
20.10.2026
in Република

Општина Прилеп ги завршила потребните административни процедури и активности за целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“, со што се создадени предуслови за реализација на проектот, информира градоначалникот Дејан Проданоски.

Планираната инвестиција изнесува 180 милиони денари со вклучен ДДВ. Проектот е предвиден во Програмата за изградба, реконструкција и санација на спортски објекти за 2026 година, а реализацијата е планирана во три фази, во периодот од 2026 до 2028 година.

Според најавата, по реконструкцијата салата ќе располага со 1.959 седишта за публика, современи инфраструктурни решенија и пристапи приспособени за сите корисници, вклучително и лицата со попреченост.

Зафатот опфаќа и реконструкција на електричните инсталации, водоводот, канализацијата и термотехничките системи. Целта е објектот повторно да се стави во функција и да обезбеди современи услови за тренинзи, натпревари и рекреација.

„Ова е инвестиција во нашите деца, во младите, во спортските клубови, во рекреацијата и во идните генерации спортисти кои заслужуваат современи услови за да ги развиваат своите таленти и да ги остваруваат своите соништа“, истакна Проданоски.

Градоначалникот упати благодарност до Владата и Министерството за спорт за поддршката, нагласувајќи дека обновата на салата претставува долгоочекуван проект за прилепчани.

„Продолжуваме посветено да работиме за Прилеп да добие спортска сала каква што заслужува“, порача Проданоски.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Општина Битола: Отворен јавниот повик за награда за волонтер или волонтерска акција за 2026 година

09.11.2026

„Паркинзи Битола“: Целиот приход од СМС-пораките на роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

07.11.2026

(ВИДЕО) Проданоски: По 50 години, нов асфалт на патот за Веселчани и Загорани

06.11.2026

Битолчани предлагаат што да влезе во буџетот за 2027 година: Од санација на патишта до центар за средно образование

06.11.2026

Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Одговорност треба да има и за напаѓачите и за родителите

05.11.2026

Меџити: Подобра инфраструктура и поедноставни процедури за раст на компаниите во Боговиње

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

САД се подготвува воздушнодесантни операции против Иран?

8 месеци ago

Трагедија во Будимпешта: Пожар во хотел – има жртви и десетици повредени

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идилично место во срцето на Европа нуди дури 76.000 евра за да се преселите таму: Има само еден важен услов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Отворен јавниот повик за награда за волонтер или волонтерска акција за 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.