Четири лица синоќа биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато во гостиварскиот регион, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Во 20:20 часот во село Калиште, гостиварско, на местото викано „Гури соколеци“, полициски службеници од Полициското одделение – Галате ги лишиле од слобода Н.С.(63) од село Џепчиште, М.Д.(55) од село Челопек, З.М.(72) и Н.К.(78) од село Врапчиште. Тие биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато, при што кај нив биле пронајдени и одземени метален детектор, лопати, копачи и други предмети. Тие се сомничат дека со тоа сториле кривично дело по член 264 од Кривичниот законик – „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или природни реткости“ – информираа од МВР.
Сите биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, како што се додава во соопштението, против нив ќе следува соодветен поднесок.

…











