сабота, октомври 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

by Redakcija
24.10.2026
in Економија, Топ Вести

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел на земјата, е дел од петгодишен план со проценета инвестиција од 197 милиони евра.

Специјализираните летови ќе собираат магнетни, радиометриски и гравиметриски податоци, кои ќе се анализираат со помош на современи технологии, вклучително и вештачка интелигенција. Целта е да се идентификуваат области со висок минерален потенцијал и да се изработат предвидувачки геолошки модели. Завршувањето на активностите е планирано за 30 јуни.

„Главната цел на Институтот е да се подобрат сознанијата за минералните ресурси на нашата земја“, изјави Сусана Тимон од Геолошкиот и рударски институт на Шпанија, посочувајќи дека подобрите сознанија можат да поттикнат и дополнителни истражувања од рударските компании.

Во меѓувреме, шпанскиот регион Андалузија сака да привлече инвеститори во рударскиот сектор преку побрзи постапки за издавање дозволи и овозможување пристап до стотици локации за кои концесиите за експлоатација на минерални суровини се веќе истечени. Ова се случува во време кога Европа се стреми да обезбеди капацитети за ископ на најмалку 10% од нејзината годишна потрошувачка на стратешки суровини до 2030 година. 

Македонија засега не е активно вклучена во исполнувањето на целите од Директивата за критичните минерални суровини на Европската Унија. Годинава на Геолошкиот Завод на Македонија му се даде задача, во период од две години, да направи анализа на потенцијалите за екстракција и рециклирање на критични метали и критични минерали во соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а со поддршка на рударската индустрија.  Направената анализа би требало да се поврзе со вкупните потреби на Европската Унија за критични метали и минерали, а резултатите би можеле да бидат добра основа за стимулирање на поефикасната употреба и поефикасното искористување на македонските метали и минерални ресурси.

Во моментов траат детални геолошки истражувања за антимон кај Крива Паланка. Единствено потврдено наоѓалиште за кое во моментов има активна инвестиција е за бакарот во Иловица. Според геолошките истражувања наоѓалиштето „Иловица-Штука“ има над 700 илјади руден концентрат, со потенцијал за извоз од над 10 илјади тони бакар на годишно ниво во период од две децении. Претходно и во анализа на професори од Универзитетот во Штип беше нагласено дека порфириското наоѓалиште на бакар „Иловица-Штука“ останува најголемиот потенцијал за гринфилд рударски проект. Присуството на бакар на оваа локација е започнато да се истражува со дозволата за детални геолошки истражувања издадена во 2004 година, а тестирањата потврдиле искористување на 84 отсто за бакарот. 

Инаку, шпанскиот јужен регион Андалузија учествува со околу 90 % во вредноста на ископот на метали во Шпанија и се наоѓа на второто место во Европската Унија според производството на бакар, веднаш зад Полска. Меѓу компаниите е и „Аталаја мајнинг“, која го скрши мразот со обезбедувањето дозволи на брза лента.

„Минатата година, за само 27 месеци, успеавме целосно да ја спроведеме постапката за издавање дозволи за нов рудник. Знаеме дека 27 месеци во рударскиот сектор се рамни на сон“, изјави Хесус Портиљо Гарсија-Пинтос, генерален директор за одржливо рударство и наука за суровини во Андалузија.

Побрзото издавање дозволи и јавното финансирање имаат за цел да го претворат минералното богатство во поширока индустриска база, во услови кога Европа се стреми да ја намали зависноста од увезени суровини. Инаку, дел од напорите на шпанскиот Институт вклучуваат и подобро искористување на информациите со кои Шпанија веќе располага. 

„Историските геохемиски резултати можат да понудат вредни појдовни точки, но постарите истражувања често опфаќале потесен опсег на метали од оној што истражувачите сакаат да го проучуваат денес. Новите анализи би помогнале да се пополнат тие празнини. Суровините се неопходни за нашата економија да биде силна“, изјави претставничката на Институтот, Тимон. 


Таа истакна дека целта е аналитичките податоци да се направат употребливи заедно со информациите неопходни за проценка на нивниот квалитет – наместо едноставно да се објавуваат стари извештаи. Пошироката цел е да се создадат геолошки сознанија што компаниите ќе можат да ги користат и по завршувањето на петгодишниот период на програмата. Според Институтот, оваа работа треба да стане дел од долгорочната државна политика.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Македонија меѓу најевтините земји за храна во Европа: Што покажува споредбата?

24.10.2026

УЈП со предупредувања до граѓаните: Проверете ги обврските за парите примени од странство

24.10.2026

Каде се најскапи новите станови? Анализа на 71 европски градови го открива одговорот

24.10.2026

Трамп: Можеме да ја преземеме целата иранска нафта, па дури и целата земја

24.10.2026
Инфлацијата во ЕУ може да се зголеми под притисок од енергетската криза

ЕУ сака отворањето фирма да чини до 100 евра – што предвидуваат новите правила?

24.10.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 50,46 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

23.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

БОЖИНОВСКА НА ЈУБИЛЕЈНИОТ SOUTHEAST EUROPE ENERGY FORUM: МАКЕДОНИЈА АКТИВНО ЈА ГРАДИ НОВАТА ЕНЕРГЕТСКА КАРТА НА РЕГИОНОТ

2 месеци ago

Општина Битола: Нови модерни спортски терени во ОУ „Гоце Делчев“

1 месец ago

Популарни Вести

  • Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу најевтините земји за храна во Европа: Што покажува споредбата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на автопатот Гостивар–Тетово: со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч каде што се дозволени 80

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП со предупредувања до граѓаните: Проверете ги обврските за парите примени од странство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подолга ноќ, порано стемнување: Почнува зимското сметање на времето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.