среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Двајца возачи под дејство на алкохол учествувале во тешки сообраќајни несреќи: Едно лице загина, две се повредени

by Уредник
25.10.2026
in Црна Хроника
Двајца возачи под дејство на алкохол учествувале во тешки сообраќајни несреќи: Едно лице загина, две се повредени

Педесет и осумгодишен возач загина, еден сопатник е повреден, а мотоциклист се здоби со тешки повреди во две одделни сообраќајни несреќи, пријавени ноќеска во струмичко и валандовско. Според МВР, кај двајца возачи биле измерени 1,32 и 1,45 промили алкохол во крвта.

Смртоносен судир на патот Струмица – Радовиш

Првата несреќа била пријавена на 25 октомври околу 2 часот, на магистралниот пат Струмица – Радовиш, во близина на селото Радичево, општина Василево.

Во судирот учествувале автомобил „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од Н.В. (19) од селото Злеово, и „мицубиши“ со струмички ознаки, управувано од Р.С. (58) од селото Добрејци.

Од здобиените повреди, возачот на „мицубишито“ починал на местото. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Повреден е и неговиот сопатник, Д.А. (36) од селото Дабиле.

Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица. Според полицијата, кај 19-годишниот возач биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Тешко повреден мотоциклист во Марвинци

Втората несреќа била пријавена во 00:15 часот, на регионален пат во селото Марвинци, валандовско.

Се судриле автомобил „мерцедес“, управуван од В.И. (26) од селото Брајковци, и мотоцикл „кавасаки“, управуван од М.Г. (57) од Марвинци. Двете возила имале валандовски регистарски ознаки.

Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија.

Увид извршила екипа на ОВР Валандово, а кај возачот на „мерцедесот“ биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Од Министерството најавуваат дека по целосното документирање на двата случаја ќе следуваат соодветни пријави.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Почина Нито Сантапаола, познатиот бос на Коза Ностра

30 дена притвор за охриѓанецот кој ја претепа девојката

17.11.2026

500 евра за дозвола да се гради? Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување приведен

17.11.2026

18-годишник од тетовско уапсен поради лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

17.11.2026

Уапсени лекарка, две медицински сестри и техничар: Се проширува случајот за смртта на пациент во Загреб

16.11.2026

Повторно приведен осомничениот за нападот врз Сара во Охрид: Полицијата испитува нови околности

16.11.2026

Ја претепал девојката до губење свест: Кривична пријава против 31-годишен охриѓанец

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Истекува рокот за легализација на бесправно изградени објекти во Тетово

10 месеци ago

Орбан на чело на ОН? „Волстрит журнал“ открива иницијатива на администрацијата на Трамп

3 недели ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ле Пен ветува пензионирање на 60 години: Најави и нов пензиски фонд од 900 милијарди евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај за рампите на патарините во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.