среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Студентската листа со повик: Останете во своите места, избегнувајте ги локациите со  полиција и неуниформирани лица

by Уредник
25.10.2026
in Балкан
Студентската листа со повик: Останете во своите места, избегнувајте ги локациите со  полиција и неуниформирани лица

Студентската листа во Србија вечерва ги повика граѓаните мирно да го следат пребројувањето на гласовите и да им дадат поддршка на изборните контролори во своите градови и села. На белграѓани им порача да не се собираат во близина на места каде што, според нивните информации, има засилено присуство на полиција и неуниформирани лица.

Повикот бил упатен на вечерното обраќање од изборниот штаб во Белград, пренесува „Слободен печат“.

Претставниците на листата нагласиле дека затворањето на избирачките места не значи и крај на изборниот процес. Следуваат пребројувањето на гласовите, составувањето на записниците и предавањето на изборниот материјал на локалните изборни комисии.

Оттаму побарале граѓаните да останат во местата каде што гласале, да ја следат работата на изборните органи и да помогнат процесот да заврши без инциденти.

„По ваков ден и ваква излезност, не смееме да дозволиме некој во последните часови да го загрози она за што толку се боревме“, порачале од Студентската листа, повикувајќи на мирно и достоинствено однесување.

Посебно ја нагласиле потребата од поддршка низ целата земја, наместо концентрирање на граѓаните во главниот град.

„Вечерва цела Србија ни е потребна таму каде што денеска гласаше. Србија не е во Белград, Србија е во Србија“, било истакнато на обраќањето.

Според последните податоци со кои располагала листата во моментот на обраќањето, гласале повеќе од 4,35 милиони граѓани. Излезноста ја оцениле како историска, а сопствени податоци за изборните резултати најавиле во текот на вечерта.

Обраќањето го завршиле со пораката: „Безбедно, мирно и достоинствено до крај.“

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО|Десет деца завршија во болница: Се истражува драматичниот инцидент во Белград

18.11.2026

Сакскобурготски со порака до Софија: Историјата да им се остави на историчарите, Македонија да влезе во ЕУ

18.11.2026
Завршува тригодишниот процес во Хаг: На 16 септември пресуда за Хашим Тачи и поранешниот врв на ОВК

Хашим Тачи доби нова затворска казна во Хаг

18.11.2026

Колку се казните за зимска опрема на Балканот? Во Македонија 45 евра, во Црна Гора 150 евра

17.11.2026

Јогурт врз Лидија Вукиќевиќ: Инцидент пред конститутивната седница на српското Собрание

17.11.2026

ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

17.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Грчкиот поранешен министер за финансии обвинет за промовирање на дрога

Грчкиот поранешен министер за финансии обвинет за промовирање на дрога

9 месеци ago

Тоневски: Лесновската ликовна колонија е културен амбасадор на Пробиштип

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Утре без струја на локации во Петровец, Кисела Вода и Горно Соње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја бројни населени места во Тетово и Тетовско: Прекини до шест и пол часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Завршија буџетските средби со урбаните заедници, продолжуваме во населените места

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатен на дело со коверт полн пари: 63-годишник од Скопје осомничен за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во рамките на Глобалната недела на претприемништвото: Европската бизнис асоцијација ги поврза студентите со бизнис приказните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.